вака ми се викаше професорот по бизнис од средно, ќе го паметам човекот за цел живот, а и името не му се заборава
Пред некое време на ТВ имаше список на нај чудни имиња регистрирани во Р.Македонија. Верувале иле не Катастрофа е едно и единствено име во нашата земја. Која мајка ли си го крстила детето така? Инаку нема имиња што ги мразам, има имиња што не ги сакам: Трпана, Доста, Митра, Стојна, Перса и сл. Исто така не се лоши но многу досадни секојдневните и чести имиња како: Александра, Марија, Елена, Александар и тн.
Тебе сигурно некоја Сара те изнервирала, нели, нели И за да бидам он топик не ми се допаѓаат сите имиња што завршуваат на -ЧО: МаријанЧО , БлагојЧО...
Каменка Парашка Лимонка Петрана Иваннннннннннна Костанта Стојадинка Лепосава Рашо Ташко етц... Не ги мразам имињава ама мое дете не крстувам вака па да скокнат од 6 спрат и кумо и свекрвата у комплет!!!
Мразам че-имиња, се останато се трпи! Благојче, Новче, Миланче, Јованче, Николче... или пак Убавче, Благче, итн... Нели мислат родителиве дека децава ке пораснат некогаш?
Елена и сара, пречести и предосадни..извинете ако некој носи вакво име... исто имињата на цвеке, ружа, цвета, мимоза, трендафилка (без никаква навреда или негативност кон форумскиот член тука ) итн итн.
од машките стојан,јане,васил,драган,јосе а од женските даниела,стојанка,мирјана,славица има и мн други ама не ми текнува сега
Катеринаааааааааааааааааааааааа (оправдано го мразам имево, нека не ми се налутат тие што се викаат така )
Од лични причини Лидија, буквално ме ежи ко ќе го слушнам Од општо Цветанка, Славица, Жаклина, Валентина, Даниела...и еден тон во тој стил. Машки...хм...сите деминутиви глупи ми се вкрај, Гоце, Раше, Божидар, Свето, Цветан/ко...