Фиданка.. не ми е јасно како може такво име на девојче од две годинки да дадат, потоа Македонка,Стојанка , Ристена, Митра.. од машките Ристо , Перо, Лазо,КОста(дин)..
од машките ристе, љупчо, милан, мартин (секој втор е мартин, преку глава ми е веќе) а од женските васка, ангелина, ана (истото важи како и за мартин) и катерина
Е да, можеби темата не би требало да гласи кое име го мразите, туку едноставно кое нај не ви се допаѓа, и за жива глава не би се викале така
Ааааа.... не би се викала (како доаѓа фразава, ко да некој ќе ме праша како сакам да се викам ) Стојна, Сирма, Славка, Трендафилка и да не трубам веќе ги знаете сите оние стари македонски имиња кои одамна се излезени од мода.
Heh malku mi e bezveze temava,zosto bi mrazela nekoe ime?Moze samo da ne mi se dopadja... - Iminjata od tipot Sevda,Stojanka,Jordanka itn. neznam ni zosto gi spomnuvame,ne veruvam deka nekoj bi si go krstel deteto taka vo ova vreme...barem jas ne - A od ovie sto se sekojdnevni ne mi se dopadja imeto Frosina,Gabriela,Renata i Tanja.Isto ne mi se dopadja sto sega gi krstat decata Tea(koga moze da bide Teodora). - Kaj postarite(dedovci) ne mi se dopadja sto gi krstile naprimer StojCA(Stojco),CedA(Cedo) - A iminjata Sanja,Ivana,Elena,Marija i Ana(ili nekoi sto se vrtat okolu Ana pr.Anastasija,Aleksandra i dr.) mi se dopadjaat ama nikogas ne bi gi krstila decata taka zosto vo nasiot grad tie se najcesti iminja.Gi ima za izvoz - Od maskiavid mi e isto taka vece zdosadeno,inaku ne e loso imeto....
^^ Откако ви ги прочитав коментариве, прочешлав низ темава да не некој моето го има напишано, ама немаше Иначе сеа ми текна, исто ме нервираат оние „новокомпонирани“ имиња од типот кучешки имиња или некои странски. Еден глуп пример: моја втора братучеда е мажена за Македонец, но живеат во Австралија. Ќерка им се вика Наоми. Аман бре!
И јас моето име си го прочитав. Јас навистина најмногу го мразам името МАРИЈА! Толку ме нервира тоа име, дали затоа што секоја втора е Марија или заради нешто друго, навистина не знам, ама едноставно ми се крева косата кога некоја ќе ми каже дека се вика Марија. Не ми се допаѓа името Ангела,Александра, Олга, Елена, Јана, Jaгода, Јасна, Малина, Калина, Магдалена (ме потсеќа на магдонос ), старите македонски имиња, Трајан, Аврам, Ангел, Владимир, Зоран, Горан, Гроздан и така натаму, многу се!
Па нема многу имиња што не ми се допаѓаат,еве неколку: Петар,Стојан,Дејан,Мирко; и новите женски имиња Миа,Теа итн.Сепак секое име е убаво,само не ми се допаѓа што тука кај нас,ставаат странски имиња,бидејки има доста македонски имиња кои се убави како Катерина, Марија, Магдалена, Марко, Александар,Владимир итн.Сепак важно е каков е човекот по карактер а оттаму произлегува убавината на името