Ми текнаа уште Босилка , Мирослава, Душанка, Бобана, Станислава, Сирма Љубица, Анита, Жанета, Ката, Меги ,Симона,Ангела, Кирјана,Тони,Славица, Грета
искрено кажано моето име....морале ли баш странско име да ми стават А други имиња што баш не ги обожавам(далеку од тоа дека ги мразам,но ете едноставно не ми се допаѓаат) и машки и женски : Јована,Мартина,Соња,Синиша,Сара,Даниел и сигурно има уште некои но не ми текнуваат моментално
И јас си го прочитав моето име, ама јас си го сакам и да напоменам не е од старите Ајде сега и јас да си ги кажам имињата кои не ги сакам (без навреди) Значи имиња (женски) како Љубица (Љупка), Катерина, ивана, Елена, Гордана се многу чести во нашата земја и затоа не ги сакам многу. Исто така и имињата кои што асоцираат некои предмети или цвеќиња, овошја и др. не ги сакам. Оние новите и кратки (кои што веќе се спомнати) како Теа, леа, Миа, Лара, Клара некако не ми се прифатливи мислам убаво звучат но јас не би ги крстила така моите деца Ајде сега машки. Многу чести се Мартин, Стефан, Филип кои што не ми се допаѓаат. А исто така и оние старите машки имиња како Стојан, Ламбе (не сум сигурна дали е од постарите), Трајко... Мислам име си е име не мразам некоја личност ако така е крстена ама... штом има ваква тема барем да си дадам мислење. И уште еднаш ќе речам без навреди за оној кој што има име од горе наведениве сепак не се прашуваме ние
Дедото Ламбе им го честита роденденот на своите внуки близначки Неонка и Фазонка Старите имиња во принцип се стварно за нигде, Стојна, Трајанка, Трпана, Марга, Горда, Трајко, Слободанка, Слободан, Петре, Борис..... А и овие новиве кратки баш ко за куче се Ева, Леа, Миа, Ива, Иво...ваљда се воделе според теоријата дека луѓето со кратки имиња се посреќни, па затоа им ги даваат на децата! Моето си го сакам многу, супер е и исто така свето име.
Мартин- незнам зошто али ова име многу го мразам ! После Љубинка, Цветанка, Јагода, Стојанка, Дафина ии уште многу такви..
Бодан бе! Не го мразам ама некако.. На еден братучед се мислеа за име, и по дедо му сакале, ама да не било СТАРИНСКО - Слободан они Бодан ( А ова какво е живти се?) Бог да чува! Од името да се срамиш.
Е зошто да се срамиш баш е невообичаено и несекојдневно....плус и еден од основачите на легендарните Леб и Сол го има истото име...
Не јас ама детето кога ќе порасне за некоја година.. Ко кај нас што ги прекрстија децата од Дуле- Душко, од Васко-Васил.. И да одбивни имиња ми се Надица, Јовица, Перица(Перо), Добре. Ноу афенс
Јас не мразам имиња, глупо ми е- само ми е жал за луѓето кои имаат имиња излезени од македонски народни приказни, ама овде се криви родителите кои ставајќи му го тоа име на детето го осудуваат на некој начин на доживотен комплекс и непријатност. Јас лично никогаш не би си го крстила моето дете така, туку со некое име кое е убаво, пријатно и со кое детето ќе ми има потенцијал за успех ( иако е смешно, името и те како остава прв впечаток ) А само ќе кажам дека многу ме нервира името Дејан, знам дека така сигурно нема да си го крстам детето
Имиња кои ги мразам се:Aна,Кети(поглупо од ова име амин)Александра(досадно име бидејќи секоја прва така се вика ) нека не се лутат тие што ги носат овие имиња а мене од секогаш не ми се свиѓале