темавa... не сакам кога ке ги крстат по баб му по дедо му по незнам кој таму али не ги сакам трајанка,анѓа,каме,милева,петкана божана и пејо просто како мозе некој така да го крстат во ова соввемено опшество
Прво, морам една кратка забелешка да упатам околу насловов. Име кое го мразите! Зар може име да мразиш? Може да ти е одбивно, да не ти се допаѓа, ама да го мразиш... Ме потсетува на недоквакана тинејџерка што првиот дечко и се викал Петре, па сега секој Петре во животот и е крив. Имиња не мразам, може да не ми се допаѓаат. Моето, на пиедестал го ставам во однос на недопаѓање, ако веќе така треба да се изразам. Пречесто е, банално и универзално.
Се согласувам. Не може име да мразите, можно е да не ви се допаѓа ама тоа е веќе многу поразлично. Не е битно името, битна е личноста што го носи. Сепак да се држам до темава, мене ми е многу антипатично името Жилетка Имам една другарка така се вика Кога ќе и го чујам името на крвишта ме асоцира, не знам зошто
Разбирам за оние растителните имиња, или на пример Фиданка, Веселинка, Руменка, ама шо фали на Софија, Александар, Срна, Марија...точно оти се пречести ама до мржња ли стигнавте?
Ее мислев дека сум единствена !! И јас го мразам името Марија и исто не знам зошто ! И во последно време Ивана (ми се згади заради водителкава на Идол)
Прво , драги мои феминки , да ве замолам да не се навредувате ако случајно вашето име си го пронајдете овде , нели ,во прашање се вкусови . Второ , следниве имиња ми звучат катастрофално простачки:Симона , Моника ,Николина ,Жаклина , Каролина ,Павлина , Матеа , а од машките имиња не смеам да ги заборавам Роберт , Даниел , Миладин , Ѕвонко , Павле и тако даље ...Сепак , ниедно име не го мразам колку Марија ...Косата ми се крева од тоа име ! Вечна му памјат !
Леле Теди, душо моја , не знаеш колку слатко и психопатски си се изнасмеав на постов . Демек , корни Корнелија од смрдеи ахахаухуа Год блес ју !
И јас се согласувам со тебе во ова што го напиша.И јас не мразам некое нечие име, само може да не ми се допаѓа.А искрено да ви кажам сите имиња се убави, и секој своето име си го носи со свој посебен шарм и убавина.
Свемирко?! Убавка, Трајанка, Спасе.. А па што е со името Македонка... Ај Италијанка не можеле да ја крстат :/
Родне.. Како бе можеле детенцето да си го крстат Родне. Па 21 век сме, од толку имиња они .... Туу ј`зк