А ја имав покана за на свадба кај Висар и Гафа..... - Не се странци или друга вера наши се ама од кој век не знам........ На познаник мој другарка му на галено ја викаат Кате а се вика Катастрофа Трајковска и скратено Кате сите ја знаат како таква. После имам сретнато жена Фабрика што се вика а исто и Лефтерка....... Споменка, Каменка, Меника, Пара, Дивна Лепа....јоооооооој Нацко, Ташко, Трпе, Стојан..... Вангел....Вангелицааааа........... Комшијата на баба ми Корун, и да не ги заборавиме- Сијка Пиштолова и Сафет Бишевац Сијка........
Марија и Ивана. Марија затоа што е име на секое второ девојче,а Ивана зошто сите Ивани ми идат на живци. Ноу офенс
Нема име што го мразам, од причина што многу ми е грубо да наведам име тука, па некој да го сфати здраво за готово. Уопште не е убаво да напишам Го мразам името Елена!! И ај сеа. Сите Елени ве мразам. Или па да мразам име затоа што сите се викале така, или затоа што некој што го мразам се викал така Едниствено не ги сакам имињата што датираат од којнае кога, такви некои бабински имиња. А има и од модерните што не ми се допаѓаат, претеризам на родителите или кумот.
Хм.....нема посебно некое име што го мразам,но сепак не ги сакам многу тие старовремските имиња А баш развртев по темава никој не го мрази моето име а и специфично е на повекето не би им текнало дека постои
Е јас баш си го сакам моето име, иако тука има доста кои не го сакаат. Без навреда! Не ми се допаѓаат Ивана, Марија, Магдалена, Милена, Анастасија, Елисавета, Петар, Димитар, Зоран и др.
Другарка ми ми кажа прееска кај неа на факс имало една што се викала Гуда На еден школски мајка му се викаше Пара, а на друга татко и Кенедија
Па нема име што го мразам,не можам да мразам име.А има имиња што не ми се допаѓаат,на пример никогаш не сум го сакала името Даниел,Стефан,Милена,Сара...И тие кратките како Теа,Леа некако ми се смотани.Сигурно има уште некои А гледам дека на доста луѓе тука не им се допаѓа моето име
Име кое го мразам не постои, ама има имиња кои ме потсеќаат на нешто како на пример, Слаџана - турбо фолк певаљка во биртија, оскудно облечена со тесен минич дречливо зелен, силикони на сите страни, деколте до пупак и штикла бела највисока на свет! А, познавам Слаџани многу и во принцип, се неверојатно тивки и мирни девојки Исто така и името Лина! Не знам зошто и ова име ме потсеќа на опасна ама опасна „мераклика“ Така да стварно не можам да кажам дека мразам некое име, ама какви асоцијации ми се врзуваат во глава за одредени имиња, тоа е чудо едно П.С Се извинувам ако некого ненамерно навредив
Мене овие новиве Миа, Лина, Теа,...ми се свиѓаат..за разлика од старите Трајанка , Стојанка, Десанка и бла бла ред такви кои ми се катстрофа, ужас...А од ови од наше време ич не ги сакам Ана и Маја...сите Маји ми се ку*вички(извинете ако некој така се вика, ја сите што ги знам такви се ) а Ана едно девојчиште што ме страшно нервира..Глупача.. A од машки па ретко кое ми се свиѓа..некако нема избор...
Не ги мразам имињава туку едноставно не ги сакам зошто ме потсеќаат на некои X особи кои ги носат: Сара! Сите девојчиња што сум ги запознала и кои се викале така биле катастрофа! Како што ги нарече Bokicka мераклики (без навреда ве молам само кажувам од лично искуство) Исто така не го сакам името Tеа..кратко смотано..и Кате..ииииииии тие старите македонски заборавени од господ Mенка,Севда...не знам како ги крстиле дечињата така..грубо изгледа малечко детенце Севда да го викаш или Донка Инаку моето именце не го забележав во ниеден коментар хихиихих веројатно ви се допаѓа
Мене и да сакате нема да ми го погодите името. А гледам дека го нема во постовиве Во молам, кој и да ме знае, да не го спомнува моето име јавно. Он-топик Мене не ми се свиѓа името Евка, Данче, Цвета, СТОЈМИР, Ливанда ( Моја роднина. ), Трајан, Мартин.
Секого некое име го потсеќа на некоја личност, затоа ги "мразиме " имињата. Мене лично многу ми се одвратни Жаклина, Христина, Валентина, Анамарија, Јорданка, Габриела...и овие новиве Каја, Миа, Теа, Еми, Лина, Ели...дрн, дрн јариња....колку убави македонски имиња имаме! Марија, Елена, Сања и Александра се најчести, ама мене ми се ок... Од машките Зоран...ама ич ич не го сакам...и тоа кога ки ставаат машките имиња во деминутив...Глигорче, Горанчо, Благојчо, Кирчо ...они колкави мажишта...а имиња ко бебиња
Леле што е работава овде, скоро сите имиња биле за мразење!! Секогаш е така, името не потсетува на некоја личност па затоа ќе речеме дека не ми се свиѓа тоа или ова име, пр. како никола, секоја втора е вики и миле!