Ги мразам оние таканарачени старински имиња, како Стојна, Петра, Милутинка, Благоја... Исто така ги мразам оние имиња што ги има секој втор човек, како Марија, Кристина, Кристијан, Ангела... П.С. некој ако има вакви имиња нека не се навреди, само си кажуваме мислење.
Викторија,Севда,Павлинка,Стојанка,Стојка,Надица,Дамјан,Драган,Димитар..и др..без навреда некој ако има некое од овие имиња Марија ми е убаво ама никогаш не би го ставила на моето дете
Многу ми е смешно кога некои ќе набројат неколку понеомилени имиња и ќе напишат ‘без навреда некој ако има некое од овие имиња‘. Ха, па вие не ја мразете личноста со тоа име, туку само името, нели? Или не. Микена Не знам како се одлучиле вакво име да му стават на детето.
Според мене НАЈГРДИ СЕ дефинитивно: Тодорка, Љуба, Братислава, Димитринка, Спаска , Камелија, Павлина, Стојанка.... Од машките: Борјан, Тодор, Љубен, Киро, Стојан, Станко, Цане, Мице.... и тн... се извинувам ако навредив некој.. хаха
Посебно ми е мило што не го прочитав името на син ми Данило за мене нај убавото име.Мене не ми се свиѓаат старите имиња,а од Лука и Матеј ми е преку глава.Сакам имиња што не се толку чести.
Стево,Калин,Урош,Љупчо,Горјан,Велко... Незнам како би му ставиле на дете од овие имиња .. Срамота ! А и смешно изгледат зар не !?