Барбара - ме потсеќа на нешто ’рѓосано. Слоботка, Нафтена, Менка, Вида, Благица, Стојна, Ратка, Дукадинка, Филиза... а од машките Владимир, Трпе, Трајан, Милован, Људмил, Стево... и овие новиве ги нејќам, како точка на натрупување станаа
Надица и Благица, ништо лично против никого, ама страшно ми пукаат живци кога ќе го слушнам она Наде, Благе (ова е со ситни букви затоа што така го доживувам), потоа Мишко, Мице и т.н , исто ништо лично со никого. И како шлаг на тортата си го мразам и моето име, ама нема да го наведам, е тука имам личен проблем и тоа со моите .
Сега малку безвезе дојде еден пост под друг, ама читам наназад, се извинуваме да не сме навредиле некого Што има потреба да се извинуваме и зошто некој да се навреди? Мене ако не ми се свиѓа некое име не значи дека не ми се свиѓа и човекот. Мене и моето име не ми се свиѓа, ама си се сакам себеси Инаку во суштина секое име си има позитивно значење, ниту едно не е навреда само по себе. Јас мислам дека зависи и од оној што го познаваш дали тоа име ќе ти се допадне, мене ми се случи едно име кое го сметав за малку "лево" да го засакам баш ради човекот што го запознав, и сега гледам дека името воопшто не е глупаво, баш напротив И насловов на темава е малце терсене Да се разбереме, има имиња што не ми се допаѓаат, а ниедно име не мразам Спојлер освен моето , стварно не знам зошто, можеби за инает на овие дома
НИНААА го мразам тоа име а уште повеќе личноста што се вика така.... уф коза една извинете ако има некој со тоа име...
Е моето досега не е спомнато Инаку ме нервира што секоја втора се вика Марија, Александра, Ивана... Значи овие имиња се пречести. А имиња што ми се ужасни се Видослава, Гонце, Добринка, Дубравка, Мирослава, Милица, Тијана, Стојанка(имам другарка што се вика вака, и се чудам колку луди родители треба да имаш за вака да си го унаказиш детето , али ајде ја викаме Ноне ) Исто и еден братучед сега има 4 години и жити името што му го ставија као демек на свекорот Миливое Мислам ајде Ставре војвода да го крстиме . И ајде листата продолжува.... Ристе, Ѕвонко, верувале или не постои име во Струга пустиот човек го зацрниле , Желеско се вика!! Истот и еден поп Темељко. Мислам аман. Има и други али не ми текнува во моментов.
Сите имиња се убави ама овие некако ми се без врска: Женски:Срмена(имате слушанто досега?,сигурно НЕ),тие од цвеќарско-градинарско,кучешко-мачешко потекло,Јорданка,Снежана,Снешка,Сашка,Милица,Милка(повеќе на крава ми личи),Митра,Добрица,Слободанка,Царка(или Царица),Ана Марија(без врска),Мирка,Пемба(верувале ил не постои вакво име),Дивна(шо име ќе беше),Лепа,Ѕвезда,Ѓурѓа(магарето покојно да дедо ми вака се викаше),Надица,Натка,Бранка,Братица..... Машки:Митре,Митко,Даниел,Свето,Билјан,Анѓелко,Крсте,Божидар,Трајан.... Извинте ако навредив некого
Хахахахахахахахахахахаха Anna-Banana ме изнасмеа слатко ... се сложувам со тебе, најсмешно ми беше за мачешко-кучешките имиња хахахаааааааа лелелеле кога ќе чујам име од типот на Леа, Мина, Теа, Тео, Лео, Леон ааааааа коса ми се крева. Како и секоја нација и ние си имаме убави имиња македонски, имињата на некој начин се обележје на нацијата, е сега да, има некои кои се интернационални и пораспространети но тоа не е важно, гледам и дека многу често почнаа и еврејски имича на децата да им ставаат како на пример Хана, Леа, Лела итн а и влашки од кои најчесто е Миа. Тука не сакам да навредам никого ова се однесуваше на македонците кои ставаат туѓи имиња на децата инаку Миа конкретно ми се допаѓа како име и затоа и ник-нејмот ми е Миа, но искрено на моите деца ке им дадам македонски имиња
Креативни се луѓево, креативни. Сребрица, Винограда, Пандора, Лепосава, Жармена, а од поновиве последно што го слушнав, Карија А од машкиве исто тие старите, Стојан, Трајан, Киро...и некои како Вилијам, Колумбо... Битен е моментот..."Што слатко вие е бебенцево, како се вика? - "Перо" или пак "Ова е малата Менка" Ај порано такви биле во мода, ама сега да го унаказиш детето...
Преку сите имиња можам да поминам, ама не и преку Пила. Ејјјј Пила, ти се молам дал је могуче...... Спојлер
Дефинитвно од женскиве Перса,Милка,Надица,Лимонка,Трендафилка,Вецка,Ронче....и ТАМАРА(ова име го мразам од оправдани причини) А од машките Перо,Драги,Мите,Зоран,Џоко....итн