Пууу,има кај мене у населбава легендарни браќа,од ромско потекло се, Леонардо,Бернандо и Фернандо. А име што го мразам нема,само што се чудам на денешницава какви безвезни имиња измислија луѓево. Последно што слушнав е Иконија. Па и не звучи толку лошо...
Испровоцирана до максимум, се напнав, сите до еден коментари ги прочитав, и морав да искоментирам! Не ја разбирам поентава воопшто на темава, но нејсе. Добро бре, викате без навреда, ако некој се препознае, па како нема да се препознае СЕКОЈ на форумов кога сите можни имиња сте ги набројале Или не нависитна незнам како се викате, или не ви ја сваќам поентата! добро како можете да проценувате име по личност! Јас имам еден куп имењачки кои органски не ги поднесувам, и што сеа, да си го мразам имево!!! Молим те смешни сте ми, ама премногу! Нема да ги набројувам имињата што сте ги набројале, ќе ми треба цела страна а4 за да ги напишам, ама во главно сите Македонски имиња што постојат ви сметаат, или побогу како можете да ги мразите Нема име кое го мразам, нема зашто, не гледам никоја логичка основа да мразам име! Има некој кои повеќе ми се допаѓаат, некои помалку, но никогаш нема да речам леле леле Свашта А ако пишувате само за да пополните број на мислења, ќе ве разочарам, ама не се бројат мислењата во оваа категорија. барем не трошете вашето драгоцено време или нашето време со пишување глупости! И знам сеа ќе следат низа коментари од типот па што к*р ги читаше, е ајде де
^ Не, само морав да искоментирам! Не е за се крив ПМС, можеби ме има нешто испровоцирано, и едноставно не ја гледам поентава на глупава тема, што има десет пати повеќе мислења отколку било која во литература, политички настани и други.. знам не треба да паѓам на провокации, и затоа следат и ваквите коментари после тоа
женски-љупка, љубица, сашка, слободанка ѓургица славица, билјана надежда итн машки-љубомир, борчо, трајче никола итн без навреда... моето име досега не го сретнав ќе помислите дека името ми е ана ама не ана е мојата мала сестра
Сите понови имиња: Доротеа,Леон,Лео,Матеј,Миа,Пандора,Марко,Марио,Лариса,Клара,Роберта,Мелиса,Мелита,Косара,Елеонора,Афродита,Атина,Алтеа. А од постарите: Проќа,Митра,Стана,Живка,Перса,Васка,Перо,Мирко,Стојко,Лимба,Лимонка,Мара,Мицко,Севда,Пано,Јагода,Љубимка,Милунка,Евгенија,Симка. А најпресно идиотско име што го слушнав е,верувале или не, ЏОГАНИ! Го жалам детенцето. Следно очекувам некое дете Полат да го крстат.
секој има некое име што не му се свиѓа , тоа е вкус сите сме со различни мислења ,и не би требало никој да си го унакази своето дете со такво име ,мене лично од такт ме вади името ЛЕТКА леле немам зборови
Елена,Моника,Емилија,Александра,Наташа,Кристина,Марија,Надица,Милица...можеби има уште некое ама во моментов не ми текнува