Не сфаќам кога ќе напишете дека не ви се допаѓа, затоа што секоја втора се викала така. Па ако името е често не значи дека не е убаво. А ако некое е поретко, значи дека е многу убаво? Извинете за офф Му ги гледам другарките на братучед ми на фб, што ќе видам. Едни имиња: Аполонија, Диона, Агата Стави нормално македонски име, зарем малце убави имиња имаме.
Искрено - здосадува! Исто како кога ќе се заситиш од нешто и не сакаш повеќе. Не е дека не е убаво, ама е претерано малку. Јас разбирам дека за сите родители, тоа што го избрале името е лично, ама ако погледнеш, малку е и колективно Во мојата генерациска година, на пример, не познавам девојка со име Сара, тоа подразбира - основно, средно, факултет. Може случајно една или две, ама толку. Сега е тоа име во мода и за тоа го има толку многу. Исто како што секое второ машко едно време беше Лео, па Давид, или девојчиња Лара, Јана. Јас не ги сакам новокомпнираните имиња, како што кажа ти, си има убави имиња, ќе се одбере некое
Ако некоја личност ме нервира или ја мразам, тогаш и името ми станува одвратно.! не би сакала да наведувам имиња бидејки има личности во мојот живот кои ми значат и ги носат тие имиња.
христијан името на бившиот секогаш кога ке го слушнам од такт се вадам а што е жално во целава работа јас се викам христина
мислам дека темава не би требало да е име кое го мразите туку име кое не ви се допаѓа, како и да е овие стариве имиња ми се некако нај........... незнам како може некој да му даде име на дете од типот на Фиданка, Трајанка и некои слични имиња...
Не дека ги мразам овие имиња, ама многу ми е чудно и некако неубаво на некое мало дете да му дадат име од типот: Трајче, Стојан, Самоил, Перса, Стојна, Цветанка итн итн...
Ивана! Никоја изразита причина, некоја нешто да ми направила или слично, ама ете ич не го сакам... Ме иритира...(со извинување до тие што така се викаат )
Последниве години секое второ мушко дете се вика Лука,а секое прво Давид! Коа ќе тргнат у школо ќе биде смеа,мали се уште.
Јас го сакам Калин одамна, ама очекувам да има експанзија како горенаведените! Ама име да мразам..хм не знам.. малку глупо е..
Каснам едно пола година со коментар, ама морам да ти кажам едно нешто, не ти треба верски календар за да најдеш македонски имиња, не се сите православни имиња македонски, како што и многу македонски имиња не се во никаков верски календар. Моето име на пример не постои во верски календар, ни во машка форма ни во женска форма а е старо македонско име.