Не дека ме потсетуваат на некој па затоа ги мразам, туку онака грди ми се, Теа, Леа, Миа, Матеј, Давид, Дамјан Тие женските што ги кажав многу ме потсетуваат како за куче. И моево е грдо име. Сашка
Ахххахха се пресмеав.. Јас не го сакам имато Кате или Катарина воопшто а не познавам ниту една со тоа име ... Драгана, Драгица, Николина ме асоцира на млекарница, Бранкица исто , тоа Сања, Вања, Тања, Мања.. ко да не се македонски имиња... да не праам муабет за кучешкиве имиња Леа, Дина итн.. за Кјара од вас слушнав хаха, Јелена исто често име во последно време така мераклиско , Срна.. што да кажам Од машкиве штознам... Драгче хаха, ај Слаѓана ама Слаѓан бе хахах и нагалено Чаки , Борче.. Денис wtf? Моево уште не сте го спомнале али кај и да е глеам ќе се спомне can`t wait!
Не дека ги мразам, само не ми се допаѓаат и моето дете не би го крстила така : Миа, Теа, Сузана, Благица, Живка, Валентина... А од машките што знам овие популарниве, секое второ дете што се вика Лука или Матеј
Хахаххаха Аполон не е тоа ама да и Мимоза е ружно, имам братучедка Мимоза ама не ми текна на тоа Душанка, Дуња...
Убаво си кажавте девојки за кучешките имиња...и стварно се кучешки! Тие имиња како што се Миа, Леа/Лео, Теа/Тео, органски неможам да ги поднесам! За старинските имиња не коментирам, бидејќи сите се изјаснивме (и јас сум тука) дека не ни се свиѓаат. Од секојдневните имиња не ги сакам Ана, Марија, Маја, а во задно време одбивни ми се Сара и Лука бидејќи многу новородени деца ги испокрстија така како да нема други убави имиња. Само ради таа причина ми станаа одбивни (шо да праиш, човечка психологија ).
Го прочитав по втор пат. Ама знам јас не е до името, сигурно познавате некоја личност што така се вика, а ве нервира. Мора да е тоа...
Во право сте за тоа - ако не поднесувате некој, после не го сакате името негово. Меѓутоа има и имиња кои не ми се бендисуваат како звучат. Општо земено не ги сакам следниве имиња: женски: Сања, Тања, Ивана, Елена, Марина, Сашка, Јагода, Лила, Благица, Јована, Катерина, Олга, Добрила, (оние старските како Стојна, Јорда...) Често користените како Марија, Ана, Билјана, добри се но едноставно многу ги има. машки: Давид, Мирко, Лука, Давор, Перо, Евтим,...
Мене исто така да си го надополнам списокот ме нервираат. Женски: Тодора, Спас(к)а, Мимоза, Ро(у)жа, Љубица, Златка, Бисерка, Сребренка, Убавка, Лепа, Марга(рита), Галена, Бистра, Весела, Велика, Фрос(к)а, Валентина, Робертина, Живка, Василика ( имам другарка со ова име ), Благородна ( )... Машки: Пламенчо (на другарка ми татко), Трајчо, Веле, Живко, Мирослав, Родољуб (не ми е јасно имево), Стојмир, Јордан, Љубомир, Валентино, Робертино, Божидар, Даријан, Емилијан, Емануел, Мишко, Бошко(кучешко име) и мноооогу други.
Ни моето не е сеуште спомнато Иначе ме невираат имиња како : Биљана (Билјана ), Олга, Маргарита, Сања, Марина, Анета, Душанка, Катарина, Сузана ( Сузе ), други не ми текнува ( во моментов ) Машки: Глигор, Божидар, Јордан, Методија, Костадин, Дејан, Душан, Миодраг, Милорад , Трајче, Зоран, Златко.....
И моето не е спомнато уште ама како сме тргнале ќе се спомне,мене ме нервира името Жанета а од машките Војче
Не ги сакам старите имиња,од типот - Севда, Велика, Перса, Петкана..... Трите најзастапени имиња одвде- Перо, Ристо и Блажо; Не сакам долги имиња од кои може да се извадат милион „надимаци„ - Марија, Мариче, Маре....... и не си го сакам името од причина што премногу го има како кај нас, така и во светски рамки, досадо е веќе. Не ги сакам новокомпонираните имиња, имам внука која се вика Памела, а има српско презиме, ама ич не одговара. И најмногу ме нервира подновувањето на баби и дедовци кое сеуште е актуелно кај нас.
Ме нервира моето име! Највеќе! (иако не го прочитав нигде погоре ) Потоа ме нервираат некои долги имиња кои стварно неможеш да ги запамтиш. Луси = име за куче, а пред некое време запознав и едно девојче со тоа име. . Живка! За тоа име ме избркаа од час, што се смеев . ..Глигор,Стојанче,Петре(не Петар, Петре),Мишко,Милош,Милан (се извинувам ако некој од форумов вброив )
моето име никаде го нема али ме нервираатиминјата грозданка, петранка лила мислам ? виктор никола мануел се извинувам ако навредив некого
Од женските имиња не ми се допаѓаат : Моника, Елица, Симона, Маја, Слаѓана, Даница, Загорка Севда,како и постарите имиња од типот Митра, Васка, Василка, Менка, Стојна, Меглена,Трајанка,Божидарка, Секица (мојата комшивка ) Од машките Блаже, Перо, Мојсе, Варајло, Сребре, Смилко, Мице, Стојан, Љубиша, Перица, Небојша... Без навреда ова е само мое мислење
Ме нервираат имиња од типот антонела,санела,мануела,мариела......мелани. Значи кога ќе почнат да ставаат се едни исти имиња се вртат,сите мода тераат.Овие неколку години 70% од децата се викаат Матеј,Лука,Давид,Михаел,Михаела;Мелани....не ми се допаѓа тоа што навалуваат само на едни исти,како да нема други имиња.