Добро е моето има уште нигде не го прочитав Изгледа сите ми го сакате Иначе не ги мразам ама не ги ни сакам оние вообичаени имиња што ги има секој втор,никад на мое дете не би му дала такво име, на пр.Ана Ивана Марија Елена Бојан/а Стефан Мартин Марко и сл.. Исто така тие старовремските што ни бабите и дедовците сега више ги немаат Трајанка Стојанче Мирјана Благојче и сл.Ги сакам кратките помодерни имиња и малце поспецифични така што ретко кој ги има и кога ќе го чуеш да ти остане во памет
Мислам дека нема потреба да си се извинуваме меѓусебе, сепак се работи за вкус или пак како што кажаа некои- името го поврзуваме со некоја омразувана личност. Како и да е, името не сме си го бирале самите
наташа невена марина истирка илинка, петра/на,слаџана,севда,тодорка,јагода,митра,станка,галба,зора,радмила,милена,малина трајанка, филка и таквите некои машки- стојан, благојче. митре, петко, горан, зоран, ице,пеце,милорад,мирко,жарко итн
Не да паметувам или не знам што...ама,стварно ми нема поента темава...ме нервира името тоа и тоа,и?! Може некој ќе се увреди колку и да се извинувате вие,а и мислам дека никого не го интересира дали некого го интересира некое има,дополнително е што некој ќе се чувствува без веза,а не е ни виновен што така се вика. Вие си знаете,ама темава не поттикнува дискусија,ниту верувам дека некој ги чита сите тие имиња.
Ми текна интересно име....Штипјанки нека потврдат кај нив е застапено.....Што име ке беше бре...Маде? Лелелелл....Како се вика татко ти? - Маде! Аааааај......... Ташак ебаго.......хехехехехех Милисава, Цвета, Дола....со меко л! Божана, Офелија, Велика, Тодорка.....Деспина.....ллелееееее
Лелеееее.....Ами Дуда, ами Дуца, Ристосија, Златка, Зорка, Даница....(ма немој...веќе ноќница).... и врхунац...Пемба! Аааааааааааа....................
Перса, Стојанка, Чедомир, Стојче, речиси сите имиња од кумановскиот крај (извинување до кумановки, не се сите вака лоши, но постарите генерации навистина имаат лоши имиња).
Се пресмеав Има јаки имиња, ко казнети децата. И сите што не ми се допаѓаат спомнати се веќе, па да не ги повторувам и јас
Име кое го мразам малку грубо звучи, ама еве ќе ги споменам имињата што не ги сакам. Александар не е лошо име, ама толку е често што веќе ми се одмили. И Аце како прекар не ми се допаѓа, имам еден другар што јас си го викам Алек. Слаѓана страшно ме нервира. Мирослав, Љубомир, Велимир, Ратомир и сите такви имиња со комбинација на два збора
не мразам никое име,само некако досадно и глупаво ми е секоја втора девојка се вика катерина,кристина,марија или ангела
E да бе сите мразат Катерина Ама ми е гајле, јас си го сакам имево Инаку глупави имиња (без навреда) ми се Ратка, Дунавка, Дубравка, Убавка и се на -вка , па после се живо и диво од старите имиња, Живко, Живе и модификации, Дарко, Благојче, Антонио, Параскева, Севда, Петкана, Трајана, Коста, Костадинка...бреее мнногу не сум сакала. Ќе ми текне друго некое интеерсно ќе пишам.