Има ли тука некоја тема за име кое најмногу ви се допаѓа? Инаку, сите имиња ми се убави особено тие чудните - најбрзо се запомнуваат
аууу многуу ги имааам на списооок Магдалена, Тамара, Симона, Драгана, Ања, Ели, Мартин, Марко, Валентин/а, Петар, Павле, Димитар, Далибор... сеа за сеа овие ми текнаа, ако ми текне уште некое- ќе пишам.
Од женските од постарите имиња извинете тие што се виката така ама не ми се допаѓаат: Жаклина,Славица,Петрана,Македонка,Јагода,Живка,Рада,Стојна,Калина,Билјана,Валентина,Антонија,Борјана,Фиданка,Стојанка,Светислава,Каја,Малина и други Од машките: Павле,Панче,Борис,Круме,Ванчо,Ѓоре,Витомир,Здравко,Љубимир,Душан,Светле,Кире,Миле,Митре,Трендафил,Рајко и другии .. А од поставаните имиња:Маријана,Драган,Каролина,Калиопи (исто може да оди и кај постарите имиња),Бетка,Елизабета,Сашко,Стефани(ја),Борче,Лазе.. и ред други. -Не дека ги мразам имињава туку не би ги ставила на мојте деца !
Не мразам ни едно име. Ама многу се нервирам кога некои детето ќе го крстат Василчо, Николчо, Драганчо, Горанчо... Што им фали на Васил, Никола, Драган, Горан, каква фајда од тоа чо. Иако има и некои имиња кои не ми се јасни, еве скоро дознав за едни дека машко дете си го крстиле Костадинче, дали сакаат да ги стават луѓето во заблуда па да се чудат машко ли е, женско ли е, незнам што им е намерата.
Име не мразам,ама има имиња кои ми се смешни и да не речам селски.... Женски: Гордана,Елена,Наташа,Благица,Јасмина,Соња,Веселинка. Машки: Војче,Благојче,Новко,Стојко,Перо,Мирче,Спасе
Како може да мразите имиња?Прво секој човек и жена ако има нешто за што е неодговорен е неговото име.Дадено е од други...и се разбира дека може да се промени,но ретко кој го прави тоа. И зарем се исцрпија сите ресурси за мразење па уште и името остана. Ајде да се мразиме.Зашто се вика така и така ,зашто си дебел или слаб,зашто си ваков и таков...
не да ѓи мразам ама некако старомодни ми се.. женски: божанка денка севда неда ташка благородна ружа јагода данче лилјана роза лимонка има уште некои сега не ми текнува. машки: јонче давид(ова нешто демек странско име ама мн го има и некако никако не ми се допаѓа) јоже јоцо трајче наце златко зоки ........................
Не би требало да станува збор за мразење на нечие/во име, тежок наслов на тема е тоа кое име го мразите? Ха! Па ако мразите име без да ја познавате личноста, што останува за преостанатата таканаречена омраза поради други фактори кај човекот? За имиња кои не Ви се допаѓаат дали од етимолошко - естетски причини, тоа е друга работа, значи поточно, за немање афинитет кон одредено име, или недопаѓање на некое одредено име може да станува збор.