Ооо сите ми го мразеле името хаха А и јас самата го мразам - Љубица Инаку имиња кој јас ги мразам:Лефтерка,Ѓоре,Гајта,Тошо..А Лефтерка и Гајта стари имиња се ама за првпат коа ги слушнав се изнасмеав
Слушнав некаде дека на некоја девојка тие што ја познавале ја викале Кате. Останатите мислеле дека се вика Катерина, а таа всушност се викала Катастрофа.
Како е можно на некои од вас да не им се сфиѓаат Виктор,Марко,Филип,Ивана,Викторија?!? Едни од најубавите имиња се тоа Иначе нема име што мразам али стварно има некои да се запрашаш што мислеле родителите кога го ставиле името Карфиолка
Се сложувам со Dream-Girl дека не мразиме некое име, туку личноста која го носи. Мене тоа често ми се случува. Буквално се ежам кога ќе чујам нечие име, доколку личноста која истото го носи органски не можам да ја поднесам.
Нема име што го мразам, но има имиња кои не ми се допаѓаат што ги даваат новиве родители на децата како на пример Мишела, Кјара, Лана, и уште еден куп од странско потекло кои не одговараат на нашите македонски презимиња. Исто и скратените како Тео, Теа, Миа, Леа...повеќе ми се имиња како за куче, да ми простат родителите што така си ги крстиле, но сепак мислам дека подолгата верзија од тие имиња е поприкладна па кој сака нека ги вика скратено нагалено.
Радица, Наташа, Радмила, Зоран, Ивона,.... п.с. знам дека имињава сум ги замразила поради личностите што ги носат тие имиња
Не мразам ниедно име, најчесто се навикнувам на името и со тек на време ми станува убаво. На свое дете не би ставила име Гордана, ми звучи грубо. Не би ставила машко име што завршува на слав или мир и не би ставила било какво странско име. Моето име е често, ама мене ми се допаѓа. Иако кога би бирала име за себе, не верувам дека би го одбрала тоа. И да, изгледа сум единствена, ама многу стари Македонски имиња ми се допаѓаат.