Не дека мразам нешто имиња,но има некои што повеќе ми се допаѓаат и оние што помалку ми се допаѓаат.Се зачудив кога неколку пати си го прочитав името како омразено,не е многу често но е убаво македонско име, барем јас сум горда сопственичка на такво име и не застарено,но нема да го откријам секој со своите мислења. Мислам дека премногу се претерува денеска со имињава на децата...сакаат да смислат нешто уникатно а испаѓа ужас ако може така да кажам барем за мене.Сте слушнале за име Гала,Темјанушка,Јаглика,Кала,Срна,Галена,Исток?Јас да,сигурно има и други ама не ми текнуваат во моментов.И сега повеќе би прифатила некое старовремско име отколку вакво. .
Mene ne mi se dopagjat : Javorka, Limonka , Rajna , Ratka , Rodna , Edrenika, Ilvana , Kocka, Gjurgja, Zivko, Mitko , Naco , Blazo, Stojko. Isto ne mi se dopagjat i iminjata sto sekij vtor gi ima , kako : Marija , Ivana itn. I kratkite novi iminja : Lea , Tea itn .
Здравје, кога би имала дете, никогаш не би му дала некое старовремско име. Инаку ги "мразам " или ко што милувам да викам "не ги мирисам " имињата : Тамара, Ангела, Сања, Aна(премногу просто) Надица..има и други ама ете на овие се сетив моментално