Вероника, Благица, Вера, Добрилка ( мислам стварно нема смисла малечко девојче да има толку грдо име) А од машките имиња најмногу ги мразам Кристијан и Павле.
Сара и Марија ми се на ум сега, не дека ги мразам имињава ама секоја трета или петта се вика така, бидете малку покреативни бе луге, цел живот ке го носи тоа име
Име кое го мразам е Ивана, а име кое не би го дала на мое дете е Марија бидејќи е пречесто, потоа Маја, Симона, Елена, долго име како Викторија, Николина, Анастасија и сл. Всушност, ми се допаѓаат имињата Јана и Ема или Емили. А од машките не би дала име Раде, Игор, Стојан, Драган, Владимир, Илија... Би ги одбрала Александар и Горазд како имиња кои ми се допаѓаат и би сакала да ги имаат моите деца.
Соња (најмногу од сите), Сања, Тања, Игор, Билј(љ)ана, Лилј(љ)ана, Николин(к)а, а од ова пореткиве Југослав, Стојмир, Стојмен, Неделко, Цвета(нка), Слободанка, Македонка, Јагода, Маре, Велика, Златко, Цветко.... има и други. Благица, Весна, Анета, Даниела, Елизабета, Надежда, Надица, Радица, Верица, Христина. И од присвоените, Слаѓ(џ)ана, Срѓ(џ)ан.....
Ружица, Ружа, Јасмина, Трендафил - цветните имиња , Maja, Силвана, Милица, Светлана, Радмила, Јулијана, Весна ...