Тања , Вања , Сања , Билјана , Мирјана , Светлана , Сузана , Барбара. на моите деца би дала име женско: Ема , Миа , Олгица , Мила ... убави машки имиња: Кристијан , Мартин , Никола , Ристе...а воопшто не ми се свиѓаат Раде , Миле , Тодор ..
Имиња κо имиња- κаκо ни ги сκρоиле таκа ќе си ги носиме. Се` до вκусот, тρадицијата / почитта или желбата да се биде оρигинален. Само со ова оρигналноста тρеба внимателно , оти може баш да ,,осаκати`` Можеби Бо(жуρκа) не е неκој пρимеρ за пρетеρана оρигиналност, ама со сигуρност знам деκа κолешκата Божуρκа на бρатучед ми се чувствувала осаκатена. Замислете: ,,Божуρκа ај на жуρκа`` Леле лоша сум.
Прееска баш слушав на радио поздрави, се родило бебето МИЛИЦА .. Добро бе, дали од сите имиња, баш Милица мораше да се вика кутрото малечко ? И скратено како ќе го викаат, Мица? Славка, Елена, Дијана, Марија... Иле ми е исто така на врвот на неубави имиња, Крсте, Милутин, Игор..
Ања,Вања,Миа,Ема ебате тоа па стајте им на децата убаво име кучиња мачки ли се? аман! Седам во кафич и гледам една мајка со девојче ,и детето Барби се викало тууу глупости! А кога ќе слушнам Дора,Зара коса ми се крева боље ќерка ми Зоранка ќе ја крстам бар поубаво е и личи на име.
Милица е едно од најубавите традиционални имиња, а и има прекрасно значење. Нема да ја викаат Мица, не ни треба да и` го кратат прекрасното име и верувам дека нема. Не знам дали си ја слушала Милице од Фолтин или пак народната, „Дали знаеш, паметиш, Милице“. Преубаво име е, сфаќам дека не може да му се допадне секому, ама зошто веднаш одите со тоа „како ќе го викаат на скратено“. Има ли потреба да ја викаат на скратено, сешто. Не се викам Милица, но сметам дека редно е луѓето да престанат со „осудувања“ од тој тип. Подобро да се вика Милица, отколку Тифани. Патем, со оглед на наведената листа, се прашувам какви ли имиња ти се допаѓаат и потајно се надевам дека не се работи за Барбара, Тифани, Енџи. Триста људи, триста чуди работава.
Не се никакви осудувања, зборувам така зошто така е. Барем во мојата околина. Еден куп девојчиња со преубави имиња, никој не ги вика на правилното име. Пример: Киријана, колку е убаво името, а сите ја викаат Кики. Или мене, или било кого. Ние што имаме долги имиња, обавезно имаме по некоја кратенка. Никаде не пишав дека има потреба да ја викаат на скратено и да, ја знам песната од Фолтин. Го пишав името, затоа што темата се вика "Име кое го мразите", a јас го мразам баш тоа. Извинете ако навредив некого, не ми беше таква намерата.
И јас немам некое кратко име, па никој никогаш не се обидел да ми го скрати, ама ајде да не навлегуваме, не е тоа тема на муабет.
Јас Кристина се викам имево не ми е нешто којзнае што ама сепак не е лошо Имам две ќерки едната ми се вика Марија,и Ана ❤️ А име што ме нервира Горјана..
Да, ќерка ми ја викаме Мица, не се секирај, мене не ми е ич жално А во фамилија ги имам и Иле (како надимак) и Милутин (кое btw е старо српско име кое речиси и да не се користи кај нас), и тоа се работи за татко и свекор. Секој со своите фикс идеи, ама не ми е јасно зошто да се мрази некое име (па дури и емотикони со повраќање). Јас не мразам ниту едно. Кај мене има категории имиња што ми се свиѓаат и имиња што не ми се свиѓаат.
Зорана, без к. Тоа ептен ми е глупо. Зоранка, Миланка, Јасминка, Горданка..... Зорана е убаво име, исто и Милана, Јасмина исто така. Тоа К ги осакатува. Исто, Адријана.... н фали, н. Имав другарка.... СТАНКА. Мислам, дај. Секако дека си го смени името.... Кристина е убаво, Христина... не баш. Види, секој има различни вкусови, океј е. Станка, Стојанка, Трајанка, се едно, а Милица, Верица, Елица, Симона, Ивона - друго. Првите се ептен без везе, а вторите се обични, секојдневни.
Да душо си го сменив , не е којзнае колкава разлика но Ана ми звучи многу понежно од Анита , и плус Христијанско име е (дедо ми сакал да ме крстат по негова баба Ана , но тетка ми рекла старомондо е Ана помодерно Анита , што не се согласувам)