Ги мразам сите тие ново настанати имиња или јас што си ги викам имиња од кучешко и мачешко потекло. Мислам стварно јас да го викам девојчево Леа,комшијата има куче Леа... Пример го зедов ова име,а покрај ова има уште милион други....Кјара,Лара,Лана....толку ми се кучешки имињава не е можно. Исто така ги мразам и оние имиња што се заглавени од времето на бабите : Мирка,Трајанка,Петранка,Гордана,Снежана,Злата,Златана... Значи НЕ! Ги почитувам старите македонски имиња на пример еве Киријана,ми е толку многу убаво име.... Или па Деспина,Евгенија,Магдалена... Се толку убави а уникатни имиња...Ако сакаш уникантни еве вака крсти си го детенцето,не мора да му ставаш кучешко име. Или па од машките,колку ми е прекрасно името на Максим а е толку многу ретко и уникатно име.Исто и Алексеј... Не знам си ги сакам јас овие имиња...Матеј например е убаво име... Исто ми се допаѓаа и Илија....невообичаено а убаво име шо знам.. Кирил исто ми е многу убаво,Константин... Покрај олку убави имиња наши,јас не знам шо се глупираме со овие странскиве... Гледам погоре се дискутира за името Милица... Искрено побрзо девојче би крстила Милица отколку Мила. Мила ли бе? Па толку ми е без врска...
Јас само изреагирав на тоа „како ли ќе ја викаат на скратено“, тоа е единственото нешто кое ме изиритира во случајов, зашто по пишаното, сфатив дека всушност Мица е она кое не штима, а не „кутрото“ Милица. А дека Милица не може да им се допадне на сите, тоа ми е јасно. Мене ми се допаѓа и тоа многу. Всушност, немам некое име кое ми смета до таа мера за да кажам дека го мразам. Мразење е тежок збор, не се употребува за сенешто. Не ми се допаѓаат некои новокомпонирани од типот Корнелија, Миа и да не ги редам повторно - без некоја посебна причина, едноставно не сакам премногу модернизирани, странски имиња.
Ovie shto gi vikash "nashi", se iminja so grchki i latinski koreni. Ironijata e shto ovie se tie "nashi".
Не мoжaм дa oдвoјaм некoе име, aмa не ги сaкaм пoстaрите имињa oд времетo нa бaбa ми и дедo ми, пa и имињa кoи се пoстoјaни, некaкo глупo ми звучaт. Пoвеќе ги сaкaм интернaциoнaлните имињa штo се кoристaт нaсекaде вo светoт, некaкo пoубaви ми се и aкo имaм децa еден ден иметo дефинитивнo ќе биде oд интернaциoнaлнo пoтеклo.
Guadalupe i Pedro Gi mrazam povekjeto iminja od slovensko poteklo shto se srekjavaat vo drzhavava. Ne site, ama dobar del.
леа,теа,мила,миа,тамара,емилија,георгина,сара,тијана,лилјана,маја,марика.... Абре сите ги мразам освен некои ... Спојлер: ...... :D без навреда
Од новокомпонираните : Ријана ( на забар сретнав девојче со ова име ) , мислам , дај , ќе ја правиме пејачка ? Леа , Теа , Клара и сличните на нив . Од времето на прабаба ми и баба ми : Качунка , Босилка , Трајанка , Каранфилка и останатите " овошни и цветни " именциња . Од машките освен Трајко , Менче , Жарко , Ѕвонко и имиња од типот : Борче , Ѕвонче , Трајче , другите ми се горе - долу ок . Од женски , ок ми се Александра , Ана , Мартина , Дејана , Зорана и сл .. Попрво ќе си крстам дете со секојдневно име , отколку кога некој ќе викне по кучето/мачето , моево дете да се врти . Немаат смисла овие новиве . Дај ќе го крстиме детето како онаа Ким , Север-Запад , дека е модерно така