Не ги мразам, ама детето никогаш не би си го крстил Лука, Јана, или со било какви други варијанти на стандардниве имиња. Пр. Лукијан... Откако излезе дечконо на Икс фактор со тоа име, мислам дека сите машките деца Лукијан си ги крстија. Исто ко во времено кога ромките си ги крштеваа децата по Жаде, Росалинда и слично. Не е креативно а и не е кул.
Некои застарени имиња како Стојна, Перса, Трајко, Петко... А не ги сакам и овие нови модерни кратки имања како Миа, Теа, Леа. Не дека се толку лоши туку претераа со нивната употреба.
Моето име! Јас пак не го среќавам често. За целиот свој живот имам запознаено две-три девојки што се викаат како мене. Инаку јас лично не го мразам, но никогаш не сум си го сакала името само затоа што е предолго. Кратката варијанта Ани (како што сите ме знаат) си ја сакам и жалам што не ме крстиле Ани туку Андријана. И онака никој со Андријана не ми се обраќа.