Имитација на животот или пак оригиналниот наслов на серијата Ömre Bedel e нова турска серија која наскоро ќе започне на Сител.
кога веке отварате тема за секоја серија пишете нешто +, а не само наслов. Па и копи - паст од википедиа нека е. извини немам ништо против тебе, но сите гледаме реклами дека ке има нова серија, тука отвораме да дознаеме нешто повеке
^Темава ја отворив за дискусија, да знаев ќе пишев, еве некој друг нека пише ако знае. Ми се виде интересна серијава инаку не ги пратам многу онака чат пат.
За серијата Спојлер Џесур, единствениот син во фамилијата Гочерлер, по смртта на својот татко, ја превзема целата контрола на семејната компанија и ја добива целата контрола во регионот Антеп. Неговата фамилија е богата и се занимава со дистрибуција на злато во Турција. Оваа империја на злато која се простира во цела Турција, сега е под контрола на Џесур. Најважните личности во неговиот живот се неговата мајка Медиха и сестра Дујгу. Овој човек е вљубен во Икнур и неговата цел е да се ожени со неа. Икнур е убава, но сиромашна девојка која уште од детството е вљубена во Огуз, а живее со својот татко Акиф и со својата сестра. Таткото Акиф им должи пари на семејството на Џесур, па за да го исплати долгот, решава на Џесур да му ја даде раката на ќерката. Џесур е среќен затоа што конечно ќе се ожени со девојката во која е вљубен, но затоа па Икнур е несреќна затоа што се мажи без љубов. Ден пред свадбата, таа спие со Огуз и тој ја моли да избегаат далеку од Џасур и од новото семејство. Но свадбата ќе се случи. Икнур се жртвува и се мажи за Џесур за да го исплати долгот на својот татко. Но на првата брачна ноќ, решава на новиот сопруг да му ја признае вистината за Огуз. Бракот се распаѓа, а Џесур е решен да се одмазди. Мета на неговата одмазда е Омур, сестрата на Икнур која се подготвува за брак со Ердем. И токму тогаш започнува вистинската драма.
Значи не можам да се изначудам кој ги измислува имињата на серииве !! Каква Имитација на живот, кога оргиналот е “Цената на животот“ или по наше би дошло “Колку вреди животот“. Или онаа Диви јагоди, кај ги измислија јагодите кога името и е “Сопатник“. Или Патот до сонцето, нема врска, името и е “Погрешен пат“.
Ги гледав првите две епизоди и ми се допаѓа серијава, дефинитивно ќе ја гледам. Џесур одвратен човек. Жал ми е за Омур и Ердем зошто стварно се сакаат и прв пар во турскиве серии што премнооооооогу си одговараат, срциња беа денес. Знам некој што ќе се случи понатаму, ме интересира. (извинете за мислењето едно под друго, ама времето за редактирање одамна ми е изминато)
И јас ја ѕирнав,ми стои интересна,ама се надевам дека нема трагичен крај оти ми прекиснаа таквите Ако ми е досадно и без интернет,може да ја следам Туку оваа Илнур што умре,стварно се самоуби или Џесур ја уби?
Џесур ја уби. Мене толку многу ме заинтересира еве сега ја изгледав последната епизода. Уф овој Џесур какво ѓубре во серијава ме нервира, а во Опасна убавина немаше лош лик, ама ме разочара сега. Спојлер Ајлин ќе го убие Џесур во последната епизода, а Џесур пред тоа на Џан (негов син и на Омур) ќе му каже дека му е татко, ама тој нема да го сака. Ајлин и Џесур ќе имаат ќерка, а Омур на крај ќе роди уште едно дете од Ердал. Ердал ќе умре, т.е ќе го убие Џесур. И на крај Џан ќе ја праша Омур кој му е татко и она ќе му каже Ердал и така завршува во болница, Омур со детето во рака, дедото и бабата и ќерката на Џесур и Џан таму ќе биде и така на крај, среќни, несреќни, тоа е.
Ее Дрим,епа не ја гледам Спојлер Многу глуп крај,сите испоумираат,секој има дете со секој Јас имав претпоставка дека Омур ќе се заљуби во Џесур и тој во неа,ама очигледно сум била грешка.
Па зарем неможе да откупат некоја весела серија како што беше ''зет домазет'' или нека ја откупат ''gönülçelen'' преубава серија.
Многу ми е жал за Илнур што умре уште во првата епизода. После тоа досадна ми стана серијава. Ај кажете некоја друга интересна серија со таа глумица да гледам?
Оваа Илнур ја играше Џанан во втората сезона....ако се секавате на Џанан...канал 5 ја даваше и ја прекина во втората сезона. Во првата беше една црна глумица која направи пожар за да го убие тој силувачот незин и заврши како да умрела,а таа оди во Париз прави пластична операција и се врака во втората сезона во ликот на оваа Илнур, да се освети до крај на сите и никој не може да ја познае дека таа е Џанан.
Да, ама ко да не ја даваа втората сезона на канал 5 или ја давале ама не знам? А на која страна ги гледате сериите?
http://www.natabanu.com/serije/spisak-s ... erija.html Canan - Џанан на канал 5 ја почнаа втората сезона ама не ја довршија....јас ја догледав овде...првата сезона со првата глумица заврши во 18 епизода....од 19 почнува оваа со Илнур...
Секако дека ќе е глуп кога Турците не знаат да направат добра серија со добар крај или пак серијата од почеток ќе е глупа, а после ќе биде многу интересна, или пак како оваа сега е многу интересна, а на крај жива досада, шпанските беа подобри, па и шпански научив од нив, сега веќе пола го заборавив, штета. Од овие турскиве нема аир.
Интеρесна сеρија само Κаρадај си ја гледам ама сеа и оваа почнав, интеρесна ми е доста ми се две сеρии...