Спојлер ^^ Значи детето што го носи сега Омур е на Џесур, ама второто дете на Омур ќе биде на Ердем, што значи дека Ердем не е неплоден? И нели во последната епизода ќе се дознае се, како ќе бидат сите среќни? Сите зборат различно, така се зезнав и за една друга серија читајќи овде, ако не е некој сигурен во нешто нека не пишува. Мада и не се замарам, не морам да дознаам се предвреме, само понекогаш се лажам и ја отварам темава.
хахаха.....глуми поштена женска а уствари којзнае што правела во Германија....тоест глуми конзервативна личност а всушност во странство оди без марама, со фарбана коса, пие алкохол....
Е добро де, човек се менува во странство и онака, нема потреба на тој начин на живот само таа да шета со марама, тоа е веќе премногу конзервативно. Баш ми е мене топ женава. Има авторитет. Само тоа ѝ треба на малава Дујгу, колку сака она нека си е модерна во Германија.
Спојлер Све е џабе кога Џесур го убива Ердем за мене серијата нема убавина. И некој рече дека Ајлин е најдобра и најприсебна. Ако беше присебна немаше да се залета по сељакот. Од почеток беше предупредена од Омур дека не е човек на место, башка заради почит кон снашката не требаше да го земе човекот кој заради традиција сакаше да ја земе сестрата на мртвата сопруга и кој на брат и му впери пиштол да го убие. И демек Ајлин поверува дека ваков конзервативен тип кој се држи до традицијата со самото тоа што се всели во Истанбул се промени. Ајлин во последната епизода ке дознае за се што Џесур и направи на Омур и ке го застрела. Така да, Ердем умира, Џесур умира а Ајлин оди во затвор.....и што е поентава со децава ??? Глупости, глупа серија....Омур раѓа дете на Џесур, па ајлин усвојува, па посмртно Омур му рага на мртвиот и неплоден Ердем, дете....ништо ми нема смисла....
^^ Се согласувам дека серијава е бесмислена и најдепресивна што сум гледала во последно време. Јас бев таа што рече дека Ајлин е најприбрана поради нејзиното севкупно однесување и најреално гледање на работите, поготово за аферата на татко ѝ. А во кого ќе се вљубиме не секогаш може да избереме, е после тоа сме слепи нормално.
Спојлер Не ја гледам серијата повеќе, ама во последната епизода синот и беше голем така да не го изгубила.
Не, не го загуби бебето. Дојде "херојот" Џесур со слугинката (не се сеќавам како се вика) и ја спасиа
Од сите ликови во серијава добар впечаток ми има оставено Ајлин, уште чекам да и се отворат очите во врска со Џесур. И ќе немам ама баш никаква замерка во врска со неа. Исто така позитивен и добар лик ми е слугинката (не ми текнува како се вика), која многу често знае да ме насмее. А останатите се сите кои од кои, од расипани до порасипани.
Овој стариот во сите серии кај што глуми оди со млади секогаш некоја таква улога има..И во 1001 ноќ нели беше вљубен во Мелек и сакаше да се разведе а исто сум го гледала и во др.серии со таква некоја улога а грд е гроб Исто и оваа Ајлин неможам да ја сварам а и многу грда бе од толку убави турски глумици баш неа ја нашле..Единствено светло на серијава и дава онаа слугинката колку толку ќе тресни нешто ќе се насмееш а овие другиве дебил до дебил.
Ајлин ке се опамети дури во последната епизода кога Омур ке и го раскаже целото сценарио на Џесур од почето до тогаш и ке оди да го утепа Џесур кој сеуште и глуми лудило дека ја сака....
Бев со големи очекувања за серијава, ама ме разочара. Премногу е досадна, се едно исто, Омур колку пати проба да се самоуби, уште не успеа, ко мачка 9 животи има. Сите серии турски се со иста тематика, имало и подосадни од оваа серија, али дефинитивно е една од подосадните турски серии што се емитувани на нашите тв канали.
И јас подосадна немам видено.....и сега што мислат оние што ја бранеа Омур што од почеток го криеше силувањето ??? Има ли памет сега што прави со оној сељакот Џесур !! Демек незиното било друго и таа имала право да крие а Ердем што ја сакаше до смрт ја изневерил во пијанство кога дозна дека сакала да го абортира детето е крив и она морала да се разведе од него и сега госпожата сега ако треба ке бега и ке живее со Џесур.....абе глупост невидена....си ја земаа бељата овие од семејството Сојкан со сељациве Џесур и Омур што ги прибраа во нивните животи.....
Интересна ми е. Дујгу ми е една од поомилените ликови со Ајлин и Омур. Сите три ми се преслатки. Подледната епизода ја гледав на нет, никаква. Очекував поинаков крај.