Кога Омур пробала да се самоубие? Јас само за еднаш памтам, мора нешто да ми промакнало. [/quote] Еднаш проба, мислам. [/quote] Еднаш кога скокна од мостот,потоа кога се фрли по скали.....
Еднаш проба, мислам. [/quote] Еднаш кога скокна од мостот,потоа кога се фрли по скали.....[/quote] И на меден месец еднаш проба да скокне во морето но ердем ја спаси..вкупно три пати море еднаш и вени мислам сечеше
^ Тоа со скалите сум го пропуштила очигледно. Толку сакаше да го убие тоа бебе, сега како очи во глава го чува, што е и нормално. Може ќе ми се чудите, ама јас би сакала да бидат заедно со Џесур, барем да се обидат. Можеби е лош, но мислам дека Омур и неговиот син би го разбудиле најнежното во него и се би било во ред. И подобар пар ми се, Ердем не го можам. Баш се израдував што ќе ги гледам малце заедно сега кога избегаа со Џесур, ама мораше ли да се обиде да го убие Омур.... Без разлика под кои околности, тој сепак е татко на нејзиното дете, не може да се однесува како да нема никакви права ни да го гледа ни ништо. Жал ми е само за Ајлин колку се разочара, се гледа дека искрено го сака и беше спремна на се за него. Повторувам, таа ми е најнормална во серијава. Инаку и мене не ми се гледа некогаш од што само се вртат во круг и нема да заврши убаво, но во моментов од сите ми е најинтересна, онаа новата онака само. Уште една работа, да не молчеше Омур немаше да биде ништо од ова, само не ми е јасно кога веќе не е ни со Ердем зашто молчи, зар е подобро да го убие сама, не мисли ли на бебето? Бог да чува, мутава. Уште се тресеше стариот кога дозна, место да се радува.
Серијава нема смисла. Ердем беше на праг да дознае, и пак не му кажа. За се што им се случи колку е виновен Џесур толку е виновна и Омур да кажеше уште првиот ден се ке беше поинаку. Сега изиграва светица и повредена и не знам што За оваа Ајлин да не зборувам може ли човек да биде послеп од авион се гледа дека Џесур не ја сака, сака да се разведе она упорно не го остава Ердем ми е страшен не можам да го гледам и греота кај се запусти со Омур. И немаше потреба да ја убијат Демет кога донесоа иста како неа Зошто си го трошам времето со серијава
Нека ѝ го мавнат одвратниов глас на Дујгу бе. И оваа Омур дефинитивно му го уништи животот на Ердем, покрај се што знае не знам како може во лице да го гледа а не па жена да му биде. Да му простува неверство а поголем грев од тоа да лажеш некој дека има дете, нешто најсвето и најчисто, амин. Која гуска ќе спие пак со овој, да кажеше се одма ништо немаше од ова да биде. Баш имитација на жиботот, цел живот лага.
Ама од збор до збор се согласувам со тебе и цело време истото го викам... А досадна до бескрај.....слугинката му кажа на стариот и него го фати срцето па изгуби памтење...Ццццц...глупост невидена...и тоа па тоа....
И оттогаш не го симнува Опасна е Oмур,а и Разије ,вешто кријат тајна толку години. Aјлин ми е најпозитивен лик ,душичка што се и прават зад грб Е тек сега ќе е густо,Ердем дозна дека Џесур е татко на Џан :geek:
Дупката за гроб што ја копа Ердем за Џесур ...изгледа сам ке заврши во неа. Инаку сум приметила во скоро секоја турска серија има по некој болен од леукемија што е финтата?
Дали сега и детето женско што ќе го роди во последната епизода излезе дека на Џесур ќе биде. Оваа ниедна вера била бе ко што вика баба ми.