И Ведран е пречесто последниов период. Работам со деца, па секојдневно ми поминуваат повеке од дваесет имиња, затоа знам. И Михаил почнаа многу да ставаат, за Марко па да не правиме муабет. Но ја би ти препорачала да не се водиш по тоа колку е често. Кое вас ви се свига, тоа ставете го. Нормална работа е актуелноста на одредени имиња, во одреден период.
Се сложувам со Ирена. Има периоди кога се ставаат одредени имиња и после наеднаш готово. Па доаѓаат други, трети итн. Важно е да ти биде убаво името и тоа е тоа. На пример јас од мала го сакам името на ќерка ми. Тогаш скоро никој не се викаше така, оти беше старо име. Сега е пречесто, ама мислењето не го сменив и си ја крстив така.
Ели мене само последното не ми се допаѓа, првите три се убави. И немој да гледаш колку се чести тие имиња. Еве јас и мм бевме уште во врска кога си правевеме муабети за имиња за децата и си рековме ако имаме машко ќе се вика Давид. Тогаш имево не беше често, но последниве 2 год стана пречесто и искрено не ми е гајле не обрнувам внимание на тоа. Ако и двајцата се сложувате за Ведран нека биде така убаво име е.
Се согласувам дека не треба да се замараме кое име е колку често или не.. За нас дечињата ќе бидат единствени А мене од контакт ме вади муабетот : како го крстивте? Јас си кажувам ХХ и одма аааа имаше еден исто така ХХ крстен...  е добро де.. Да не нетреба сега ние никој така да крстиме.. Па мора бре некое име со од некого да биди исто...
Се сложувам. Не би требало застапеноста на името да биде водилка, туку дали вас ви се допаѓа или не. Јас гласам за Марко @mariz За твојата дилема сум за Тамара. Далеку поубаво од Исидора (според мене) а и со баткото ќе си одговараат со имињата ептен
Имињата си ги врзуваме со личности кои случајно или намерно сме ги сретнале низ животот. Некои ни биле симпатични, некои не. Така и имињата Мене Војдан ми е убаво име за маже.
Дамјан беше и наш прв избор и скоро да бевме договорени. Но јас нешто почнав да се предомислувам. А Војдан е вотриот избор и мој моментален фаворит. Имаме и трето, ама тоа ќе биде ако ептен не се договоирме за едно од овие две. Чисто ако некој го интересира за тоа колку е застапено некое име согласно завод за статистика http://www.stat.gov.mk/Iminja_Preziminja.aspx
Марко е многу убаво. Едниот внук ми е Марко. Мене и Горазд ми е убаво име, ама и тоа го имаме веќе во непосредна близина.
За Срна името или ептен му се свиѓа на некој или ич на некој, средина мислам нема.. ептен е необично, ретко, но ете мене некако не ми прави кеиф. Ке се убедиме некако за Исидора.. Веќе почна да ми доаѓа дека тоа е тоа..
Е кога сме кај чести имиња ние нема да имаме таков проблем (не дека тоа е некаков проблем) Јас сакам специфични и уникатни работи и имињата. Ние (јас и мм) едногласно решивме да го крстиме Исак без ниту еден друг предлог. Ми звучи многу моќно и одма ми се залепи за детето што го носам. Има некои имиња ми се допаѓаат по звучност но не ми се лепат како за мое дете Инаку не познавам ниту еден Исак во животот
Имам братучеди од Србија, Вук и Срна...Татко ми на шала на стрико ми му викаше сега за трето спремете име Зец и ќе имате цела шума Понекад стварно не е добро да се претерува Мислењево не дека те засега, чисто да се најдам во муабет во контекст на имево.