Денес сретнав еден братучед на мм, јас бев со свекор ми и свекрва ми, ме прашува тој како ќе се вика бебето, му кажав дека уште не знам т.е. го излажав, а тој ми вика: Е како не знаеш, нели треба да се крсте по бабата и дедото, јас моето го крстев и по мајка ми и по татко ми да не се лутат ( а тие имаат ептен слични имиња). Значи толку многу ме изреволтира со коментарот. Како уште под турско да живееме за да мора да се крсте бебето по свекорот.Да беше машко ќе го крстевме по свекор ми, зашто мм сакаше, а и името кое го одбра е убаво. Вака за женско не би го крстила по него оти не ми е убаво неговото име во женски род, а свеки нема толку модерно име за да крстам по неа. Стварно е глупо да коментираш за имиња на туѓи деца, од кај им право на луѓето тоа да го прават.
Јас имам Исак во фамилија. Убаво е, ме потсетува на убав филм со стариот завет. Дино нели е муслиманско?Нема везе, какво и да е, ама ич,ич,ич од ич не ми се допаѓа.Не е важно туѓо мислење, ама дозволено да си го кажам
^ Јас си го сакам името Милан ама некни слушнав за Дино,втор пат во животов и некако ми се бендиса во комбинација со презимето и со местото на живеење,но сепак ќе си остани Милан
Јас ги сакам многу имињата Андреј и Михаил. Е сега зашо носам женско Андреа или Михаела. Сепак ние се договоривме кумот да даде неколку предлози ама во разговор ни кажаа дека и на нив тие имиња им се свиѓаат.
Јас гласам за Тамара. Одамна немам видено девојче Тамара, а и во случај да имам ќерка во животот, Ирина и Тамара ми се имиња кои ми се свиѓаат
Женски: Ани-кратка, Ана-Марија или Анастасија-долги варијанти, Лили, Лара, Сара, Ивет/Ивон, Ема, Валерија.
Еее бетар од турко е сега ќе те скапаат после брецкање оти не е така оти не е вака.. Јас си сонував сон и на сонот ми кажаа име и си стојам зад тоа и свекрвами и свекор ми ме подржуваат во тоа и моите а мм сакаше поинаку и му кажав јас и на кумата ќе и кажам дека пред да останам ми кажаа име и ако е машко а машко е така ќе си биди а ни на крај памет не сме го спомнале ние името дома а сега од ко знат сите ми велат чим е аманет остаено ќе си го крстиш така и мм нема шо да прај освен да си го прифати тоа му кажа свекрвами со бог нема играчка и нема сакам неќам
Нека брецат, знам убаво да врнам. Знаеја уште од почеток да кажат дека било машко, оти во нивна куќа женско не се раѓало. Ама кога дознаа дека е женско се изненадија. Свекор ми од што не можеше да се помире, зборуваше за бебето како да е машко.
Жими газов (да ме простиш на израз) во нивна и во било чија куќа женско не се раѓало. Што, тие да не имаат некој посебен рецепт за мучкање само ташаци? Абе ајде. Многу се нервирам секојпат кога ќе чујам вакво нешто, иако еве мене ама ич не ме засега ова, сепак, што се женските деца, најдени на депонија, па да се однесува свекор ти така? После ова, кога ќе се роди бебето не заслужува да му дозволиш ни да го види ни да го допре. Па не турско, камено доба не им е рамно. Само им се гледа паметот (што го немаат) и по свекор ти и по тој братучедот така што ти рекол