Што има лошо да се побара мислење? Еве јас лично пред да се роди ќерка ми побарав на форумов предлози, па на крај не се одлучив за ни едено од понудените имиња.
Да не си го сонев името на малата имаше да се мислам како да се вика..има преубави женски имиња,а машко ни на ум не ми паѓа многу мал избор на убави имиња.
Исто. Од женски мислам еден куп ќе наредам: Нина, Ксенија, Марта, Бојана, Мартина.. пред некој ден бев дома во "старата" детска соба и ги разгледував куклите и црпев инспирација од нив. Ги најдов случајно двете кукли близначки Каролина и Кристина и очите ми светнаа. Ама немав машки кукли :-\
@Momichka Марко и Јаков Даријан и Горјан Дам(и)јан и Борјан Петар и Павел Стефан и Сим(е)он Мартин и Марјан
@Momichka на волку избор јас осеќам дека ќе излезат две девојчиња или барем девојче и момче, па ќе ги зезнат предлагачиве и понудите паднат во вода
@emkaemka, со мм сме finger crossed за девојчиња Ако излезат девојчиња ќе биде повеќе од одлично На мм му велам, ако навистина има две машки, нема шанси нов трансфер да правам Повеќе од доволно ќе ми бидат тројца мажи дома со се него, така да не се ставам на ризик на уште инаку голема благодарност до сите членки, прекрасни идеи. ептен ме освеживте со идеите
Женски ми треба помош за женско име.Близнаците ми се Лара и Михаил сега очекуваме сестричка и не сме баш сигурни за името.Дајте некој предлог.
Дара,Дарија,Ева,Ема, Ива,Михаела, Ања, Ана, Софија,Теодора,, Изабела, Лана... Јас сум повеќе по традиционалните стандардни имиња
Кога останав бремена,од самиот почеток знаев дека ќе биде машко. Терминот ми беше до 15 август а јас се породив на 14 август,со царски рез.Сите околу мене мислеа дека син ми ќе го крстам по името на свекор ми(а и плус имаше и празник за некој ден Пресвета Богородица).И свекор ми и свекрва ми беа против, внуците да се викаат по нив. Јас и маж ми си го крстивме Теодор.Дури подоцна после неколку месеци дознавме за значењето на името Теодор(дар од бога) што и навистина ни беше дар од бога.После толку години чекање си го добив најубавиот дар од бога. Ако имам женско дете, некогаш, би сакала да се вика Анастасија а ако имам уште едно маже Атанас.
Уште молчиме за имиња Макар што машкото ќе се вика Костадин, а за женското уште не знаеме. Јас сум за Костадин и Елена , се уште не сум му кажала на маж ми, макар што и не сум за да му кажам бар тоа да биде изненадување за другите а он нема да издржи да не каже. Ај некој предлог со Костадин и девојче на буквата С (само да не биде Софија, ги има доста во Фамилијата)
Нашава мала ѕверка најверојатно ќе биде Анастасија свекор ми ( покоен ) се викал Ташо ( егејско е името кратенка од Атанас или Анастас) па по него. Мене не ми пречи ама ич, плус и ќе си одговараат со сестра и Евгенија и Анастасија
Феминки здраво, како сте ? Имам едно прашање кое не знам дали е баш за оваа тема ама не знаев каде во друга тема да го постирам, па слободно нека се избрише или премести. Пред една година можеби и повеќе ја читав темава бидејќи барав интересно име да го предложам на кумашините за малата. На крај они си одбраа нивно и јас го заборавив името а мноогу ми се допадна. Некоја феминка го имаше напишано и беше назначено дека така се викала некоја кралица во Македонија и сега читам читам никако не можам да го најдам мислењето. Некаква помош или да му ја седнам по ред пак од прва до последна хахх