@didisi Лена или Калина евентуално ама пречесто ми е, другите не ми се совпаѓаат со мојот вкус за имиња
Jas si ima. Cetiri devi ja najolemoto e zensko Anastasija srednoto Adam i bliznavive ae Blagoj i Dimitar
Мислевме Леон ама се предомисливме не сакам на скратено Лео да го викаат дека јас по обичај секое машко куче Лео го викам , а женско Лиска или Мими , па вака се одлучивме пак за старо христијанско , ќе го пишам здравје кога ќе се роди синко
Јас бев убедена дека ќе имам женско и имав мнооогу имиња меѓу кои фаворити ми беа Андреа или Ева, аама испадна машко и тогаш почна дилемата. Некако ниедно машко име не ми беше доволно убо за така да си го викам син ми. Дамјан и Филип беа зафатени од најблиски роднини и не сакав исто па еден ден случајно го слушнав името Марин и знаев, то е то, после то ниедно друго веќе не ми се свиѓаше
Јас сум за Огнен или Јаков. Името Тадеј не сум го слушнала до сега, ама ми звучи ко некоја лошо изведена модерна кованица. И го прочитав со акцент на Е, па ми прозвуче ko today. Знам до мене е, ама имам одбојност кон новиве имиња Пред некој ден гледам слика на инстаграм од некој детски роденден и на тортата напишано машка верзија на едно познато женско име со испуштена буква во средина. Името личеше како да го смислило дете од 3 години кое сеуште има проблем со изговарањето на сите букви. Али ај... како викаат, за вкусови не се дискутира. Само што родителите сакајќи детето да им има уникатно име, малку се заборавија со “креативноста”. Сори @JollyGirl, ја си ја отворив душичката да си кажам се што имам на темава, неповрзано со твоето прашање
Огнен. Безвременско. @Avery баш модата стигна да се даваат стари, библиски, што се вика од нафталин ископани А исто така и руски. Значи овие наведениве не се нови, баш се прастари имиња.
@Kitten мило ми е што почнаа да даваат стари имиња, до скоро беа во тренд странски или измислени имиња од типот Иан, Лукас, Фиона, Ивор... Инаку, во мојот пост не зборував конкретно за предложените имиња, освен за Тадеј. Можеби е старо име, но ете јас не сум го слушнала Зборував за општиот тренд што владееше, кога родителите гледаа да изберат што понеобично име.
Името Тадеј е старо име, не е нова верзија Не е акцентот на Е Инаку овие имиња си ги сакаа родителите на детето, ама не можат да се одлучат точно за кое. Повеќето гледам пишувате ОГНЕН...И мене тоа ми е убаво, ама убави ми е и Јаков и Алексеј, па и Тадеј Тадеј е ретко и уникатно. И пак на крај сите се во игра
Мене Јаков и Алексеј ми се убави. Син ми требаше да биде Јаков, но го препопуларизираа последнивре две години и сменивме. Затоа ја би Алексеј од овие. Мене ми е преубаво.
@JollyGirl мене Тадеј ми е омилено машко име. Кога го слушнав прв пат се заљубив во тоа како звучи. Старо, ретко и убаво по звучност име.
@JollyGirl не само што било старо името, туку имало и многу убаво значење. Ете, научив нешто денес Дааа знам дека акцентот не е на Е, само се нашалив
Море има стари и "стари" Еве ти кажаа за Тадеј дека е исто старо, но ако стигнеме до Теофил, Харалампие, Партениј и Захарие, ич да не те чуди