Огнен крсти го Џолана, ко срцкана мој Јанески Сите овие имиња се убави, ама Алексеј некако најубаво ми звучи
Зошто толку ми ги хејтате предлозите Лана и Клара ? Ако е така, мене Лена ме асоцира на баварска селанка од пред еден век. Не дека е лошо името, ама не ми е нешто нај. Јаков.
А каде е акцентот на Тадеј? Јас сите што ги знам кои спомнале такво име или го имаат, акцент ставаат на Е. Баш како тудеј...
Не. Елена е ниво погоре, знае да потсети на Елена Тројанска. Лена е поедноставно име, додека Клара ме потсеќа на млада дама , некое богато девојче. Лана на стариот Холивуд и Лана Тарнер.
Па ќе се сложам за Елена. Ама ете, на младите мајки помодерно им е изгледа Лена. Другиве две не ме аресат. Јас сум по домашните имиња
Tadej e ime na eden od apostolite. Mene mi e preubavo, no mm ne se slozuva. Kaj nas e so akcent na A.
Јас мислам дека Лена многу се актуелизираше поради препевот на Љубојна на истоимената песна. Баш во тој период многу девојчиња го добија ова име. Мене многу ми се допаѓа, едно од омилените имиња ми е и ме потсетува на некоја убавица од Руска бајка. Лајк за сите нови и идни Лени со очи-Воденски череши.
Те чекав тебе за Огнен Да ни биде убав ко Огненче, со убав глас На името Тадеј акцентот е на А. Двајца Тадеј познавам, и прв пат кога го слушнав името многу ми се свиде. Колку повеќе го слушам, толку поубаво ми станува
И Лана дел Реј Јас имав во основно соученик Тадеј... Зарем се изговара некаде имево другачије освен со акцент на А?
Може во источниот дел од земјава го викаат ТадЕј Дека си ТадЕјчо? Мене па Лена ми е убаво, ама знам дека од милост би ја викале Ленче а тоа ептен би ми сметало. А Лана би ја викале Ланче И 1000 пати родителите да нагласат да не се крати името на детето, луѓето пак ќе си го кратат и ќе си му додадат ЧЕ на крај
Јас имам 2 сонца Јаков и Тадеј.. Кога би имала трето би го избрала Огнен Инаку и двете имиња се стари и двајцатавсе едни од 12те Апостоли на Исус...и интересно што Јаков и Тадеј се браќа..
Огнен инаку Јаков мене ко презиме ми звучи, гледам доста е актуелно во последно време, исто ко што се актуелни стари имиња како Јана, Неда, Калина, порано мајките очи ќе извадеа ако мораа да стават некое од овие имиња сеа модерни се ете, само се надевам нема да се врати времето на Трајанка, Петранка, Перса, Донка
Да те надополнам Кумрија,Славјанка,Ратка,Милка,Живка,Станка,Душанка,Цветанка,Јаворка,Параскева,Убавка итн итн
Акцентот на македонските имиња е речиси секогаш по правилото на третиот слог одназад. Тоа што Билјана, Мирјана и слични ги изговараат со акцент на А е тренд. Најчесто во Скопје.
Lena Lena i Kalina zatoa sto ide so Mk prezime. Lara moze so srpsko prezime . Klara so nisto ne odi. Super Mario