Кај нас да, ама на запад чест случај, ако ти е желба истерај ја до крај. Инаку можеш да додадеш Џуниор, да би барем малку се разликува од иницијалите на татка си и би било пример ,,Кирил Џуниор Стевковски,, ^^гледај само да најдеш сопруг со убаво име што ќе ти се допаѓа
Јуниор, со Ј. Или Втори Иако е подобро без додавки. Затоа што на многу места, вклучително и кај нас не се применува, велам дека тешко би го извела. Зошто да не? Идеја.
Јас мислам дека секое бебе треба да си добие свое име ,сопствено,не наследено. Кога сум се родила јас,кумата инсистирала да ми стави име по својата сестра која починала во сообракајка,мајка ми не сакала,а богами од денешна перспектива не би сакала да носам име со таква судбина.
Па еве на пр. не е воопшто практично. Викаш по едниот, се вртат двајцата. Нема да знаат на кого си се обратила. Втор пример, збрка со поштата. Стига препорачано писмо. Со исто име и презиме нема да знаете на кого се однесува. И зошто истото име кога секако се наследува презимето на таткото? Не те разубедувам, затоа што праша ти кажав. А ти на моето прашање што одговори со прашање, нвм. А баш ме интересираше зошто. Може ќе сменев мислење.
Ејјј колку внуци се на дедовците и бабите па не станало хаос и јас и брат ми сме крстени по баба и дедо па никогаш не се случило да не знаеме по кој се вика или писмо Јас ако имам втора ќерка ќе се вика Тамара.
Е да, со поштата само онака дадов пример дека може да се случи. Инаку имам работено во пошта и се случи извршителско писмо да го потпише внукот, а се однесуваше на неговиот починат дедо. Така да се случува. Јас не би ставила најмногу поради тоа што кога ќе го викнам едниот, двајцата ќе се свртат. Инаку сум против по ставање имиња по старите. Секој си е индивидуа за себе...
Братучеди мои имаат од другата страна братучетка крстена по баба и, Гајтанка. За греота е, едвај чека да направи 18 години за да си го смени, кога се запознава со луѓе Гала се преставува. Кај мене се по бабите децата крстени, првиот син по мајка ми, средниот брат му го избра името а ќерката е по на мм мајката.
Од страна на маж ми имаат традиција најстарото машко дете да се вика по таткото. Свекор ми не е Македонец и оваа традиција им е со генерации наназад. Свекор ми го носи името на татко му, деверот на свекорот, внукот на деверот.... Доколку ние имавме син ќе го носеше името на маж ми. Мене оваа традиција ми е убава и сакав да се продолжи, ама имаме ќерка За неа маж ми го бираше името. Јас сакав Мила, од старт ми беше одбиено. Следно на список ми беше ДариЈа, бидејќи е често застапено име во државата од каде што потекнува свекорот, а и кај нас. Меѓутоа, како што реков, маж ми бираше име и го одбра Јана. Инаку, баба ми се викаше така и многумина сметаат дека по неа сме ја крстиле, а нема врска
И јас сум против ставање имиња по баби и дедовци. Дури и маж ми ме поддржа. А татко ми викаше - Немој да сте го крстиле по мене ако е машко. Јас и сестра ми сме крстени по бабите и тоа не ми се допаѓа. Кога бев бремена со двајцата, свекрвата инсистираше да се крсти детето по неа доколку е женско. Јас и маж ми не сакавме. Среќа што се погодија машки.
Баба ми земаше стипендија од мене И на породилно беше Јас ја сакам оваа традиција ( ако се убави имињата). Сакам што го носам името на баба ми и си кажувам секаде. Ќерка ми е по татко ми крстена. Ако имам второ машко ќе биде на свекорот, а ако е женско во женска верзија ќе го ставам.
Ние не сме имале никаков притисок од старите, мм беше тој што имаше желба да му направи чест на свекорот и да крсти дете по него. Меѓутоа свекор ми се вика Трифун и не доаѓаше во обзир да си го крстам детето така, па на крај се одлучивме наместо името, да го подновиме презимето. Така синко е Трифунов (ние имаме сосема друго презиме), ем сите задовлони, ем низ повеќе генерации ќе се провлекува неговото име.
А зошто не е Трифуновски, туку Трифунов? Само прашувам, ме заинтересира. Инаку ок ми е ова ново презиме на детето, по некој дедо. Некој ке рече детето различно презиме ке има од нашето. Па што дека и јас сум со различно презиме од моиве деца ( јас го носам моето презиме од татко ми, а тие го носат презимето од мм) па никому ништо, не сум имала никаков момент или проблем.
Хм, не знам зошто Трифунов, а не Трифуновски, тоа пак не сме го разгледале како опција, а вака сега ко поубаво да ми звучи. Инаку ова всушност не е нешто ново, порано било многу често, секоја генерација имала различно презиме, по дедото. Мене не ми смета воопшто, проблеми досега сме немале, ниту со документи, ниту со патување надвор од држава...
Дедо ми и братучед ми исто име и презиме. Кога стига казна за возење ( дедо ми 80 и кусур години редовно си има оти несмее да вози) а богами и братучед ми, се чудат на кого е За вкусови нема дискусија Ама колку сака нека ми е модерно , ако не ми одговара со презимето, нејќам еди- Мене ми е криво што не ме крстиле по баба ми. Љубица. Го сакам многу името. Маж ми ме вика така иначе, ретко по име да ме рече Не му се случило во јавност инаку ќе се чудат