Не сум размислила, но звучи слатко. Ти не искажа свое мислење кога првиот пат ме цитираше... а и не сфаќам зошто би те премислувала? Може да се вртат не двајца, туку петмина, ако на пример се случи да се дружи со имењаци. Детето со таткото иде наваму-натаму додека е мало, понатаму и онака ќе го гледа само дома, па таквите ситуации не би биле којзнае колку чести. Едноставно би сакала едно дете да ми се вика по татко му, не знам какво објаснување очекувате освен „сакам“? За да биде убав и паметен на татко...? И не реков дека ќе го направам истото. Еден куп фактори ќе бидат во игра.
Па добро, не знам тогаш зошто ме прашуваше мене зошто не?Како ти што сакаш, мене ми звучи бесмислено... Мислев дека има некоја причина што мене не ми паднала на памет. Во таа смисла кажав предомислувам. Инаку секако не планирам јас така да направам. Сите различно размислуваме.
Момите кај мене се: Морам на латиница да ги пишам поради различен изговор. Elisabeth( не сакав да е со з туку до с). Viktoria(со к не со ц) Aleksandra(со к не со икс) . Мене лично убаво ми звучат кратки или модерни/"уникатни" имиња, но за себе не. Обожавам долги и традиционални. Плус, многу ми беше важно да звучат подеднакво прифатливо и во македонија и низ европа. Првата е според бабата на мм. Ми имаше спомнато како се вика и го даде како предлог, па спонтано падна одлуката. И втората мома беше негов предлог. Едноставно имињата се надоврзувале едно на друго. Ми се допадна и веднаш прифатив. Третото е мој предлог, женска верзија од името на татко ми. Само да стаса момата, ние спремни сме уште од позитивниот тест.
Прашањето беше реторичко, ако не забележа. Нејасно беше што конкретно ти прашуваше кога напиша едно едноставно „а зошто“? Постојат такви традиции во светот, дете да добива име од родителот, нема што да ти биде бесмислено или јас да ти објаснувам. Ќе размислиш сама и ќе сфатиш кои би биле мотивите.
Мене името Перса ми се свиѓа на пример. Со мм сме договорени дека јас ќе ги давам имињата. Со оглед на тоа дека децата ќе носат негово презиме, оти постоеше опција да го носат и моето, па компромисот беше јас да ги бирам имињата. Ако имам ќерка Петра ќе биде. Ова оти за машки имиња никогаш не сме разговарале.
Отсекогаш сакав да имам ќерка и некако уште од првиот момент кога читав за песната Бисера од К. Миладинов многу ми се допадна името. Подоцна низ годините ми се свиѓаа и други имиња, но од моментот кога дознав дека носам девојче знаев дека ќе биде Бисера . Се мислев и околу Ирина ама другар ја крсти така ќеркичката пред нас па тоа отпадна. Мм немаше некоја посебна желба нешто спомнуваше Деспина, ама на крај кога се породив на сите им кажал дека се родила Бисера . Инаку од женски ми се свиѓат Деница, Меглена, Ангела, Симона, Константина, Викторија, а од машки Војдан, Ведран, Никола, Петар, Михаил, Димитар, Константин
Твојата ќерка го има најубавото име на свет. Сакав мојата така да се вика, ама ... што е тука е, сепак Бисера ми е во срцето
И на мене моминското презиме ми е по на дедо ми името. Со мама и тато имам различно презиме. Кога правевме свадба на поканите го пишуваше презимето на родителите и свекрва ми кога видела вика згрешиле го презимето тие што ги правиле поканите Не знаеше дека различно презиме имаме. Мм и дедо му исто име и презиме имаат. Кога ќе дојде некое писмо не се знае чие е.
Читав страници наназад и имево не го сретнав, одкога го слушнав ми влезе во срце - Мишел, ако имам женско дефинитивно така ќе се вика. Други женски што ми се свиѓаат се Сандра, Дијана, Ирена а машки освен Филип и Бојан ниедно не ми влага во уво
Јас двете што ги знам со тоа име се женски И жељко во песната за женско пееМашки имам среќавано Мишко или Мише, а знам и едно девојче Миша, сепак Мишел најубаво звучи.