Не дека нема убави машки имиња , ама и мене модерните ептен ми се "накитени" секое второ дете што го сретнувам се вика Андреј , Филип , Петар , Павел , Лука , Леон , Доријан , Дарин , Марко или Маркијан , а јас сакам секогаш да сум на страна со се скоро , па и име не сакам кое често се сретнува како на пр. и моето име скоро и никој не го става за ќеркичките
Баш така, се сложувам. Еве и од женските имиња како Јована, Јана, Каја, Нина, Лина многу често ги сретнувам. Ова па Лина ми е ко име за кученце (без навреда ако на некој му се вика така детето) . Затоа јас си одбрав име за ќерка ми што ретко се става
Точно и башка овие имиња женски во фамилија ги има и кај мене и од страна на мм плус и Катија , Матеа , Мила , Нина , Нела и други . Едит : И Лана исто така некако не ми се свиѓа бидејќи кај мене тука во село зелката ја викаат Лана или поточно Лаана , така да името ме асоцира на зелка (без навреда ако некое девојченце го носи името) ова е само мое мислење , имам 3 девојченца во фамилија со ова име .
Еден ден јас ги слушам комшивчињата од улицa викаат Мишел,Мишел,да слезе да играат,ја гледам Мојава а таа како од пушка на "странски" името и е Мишел ,за срека и помина,инаку е Михаела.
Јована, Филип, Петар, Марко и Јана јес да се чести, ама отсекогаш и биле, баш се традиционални имиња, и баби и дедовци има вака што се викаат. Имињава што се во тренд, Леона, Теона, Матеа, Ина, Мина и сл за 10 15 години никој нема да ги става, ко што сега никој не ги става Славица или Весна да речеме
Матеа не се става од сега,мојата има 15 и така се вика,а тогаш им беше чудно на сите,од домашни,до комшии.
Ме погоди у слаба тачка, двете баби ни се викаат така Се мислевме дали да ставиме некое од тие две. Ќе бевме уникатни или девојчето за 20год ќе не пцуе зошто сме ѝ ставиле толку старско име
Па стави Стојан, Трајан, Трпана, Благуна, Петкана, Перса, Трајко, Харалампие.. кога ова многу модерни ти се и чести.. Овие ретко ги има..Стварно претерувате.
Аха Ако не се лажам @Bubce38 беше кума на дете со ова име Стојадин, Мирослав, Богољуб, Драгољуб, Тугомир.. ехеее еден куп "ретки" има сега
не мислев за до толку и не мислев за сите модерни имиња дека не се убави , ниту пак реков дека не се убави , убави се сите имиња , зборот ми беше дека премногу често едно те исти се ставаат а стари православни (мислам од календарчето црковно) нема скоро реално име убаво , имаат додадено безвезални имиња што не можеш да ги изговориш,а не на дете да ставиш ги сакам и почитувам и новите и старите имиња , секој ќе си крсти дете како милува
И Господин има име Гулабин, Светолик, Алимпие Кој како си милува, на крај детето го носи името, не името на детето
Секое време и генерација си носат бран од свои имиња кои ќе траат таа декада на пример. Како што со мене учеа неколку Марии, Александри, Билјани, Елени итн. така во овие времиња кратките имиња се поактуелни и не гледам зошто да не. Тогаш било модерно да биде Ивана наместо на баба Стојанка, и тогаш некои викале што е ова со "новиве, модерни" имиња. А од погоре споменатите Филип, Петар, Павел, Јована, Јана... воопшто не се модерни, туку безвременски според мене. И не постои грдо име кога ќе ги видиш тие мали очиња и рачиња што го носат тоа име
И мене Бисера мие во срцето и на сите си кажав ако е женско ќе се вика Бисера и точка. Нема да дозволам никој да ми се меша. За тој бисер се борам како со лав. А ако е машко ќе си каже тато како ќе се вика така ние договорот ама јас си сакам Војдан или Ведран да се вика.