Фала богу, освен на родителите, на друг дали им се допаѓа името не е воопшто важно. Името на ќерка ми нема значење, но има силен мотив. Тоа не е тема. Правописот и фонетиката беа тема, не убавината и значењето. Така е правилно кај нас, што не значи дека мора така да биде и сите мора правила да следат. И не е за вреѓање или негодување. Мене и најгрдо да му е името на некој, воопшто не ми е гајле, нормално го прифаќам. И кога ми е грдо нечие име одма кажувам во лице. Ни се вреѓам, ни сметам дека некој треба да се лути. Еве денес кога колешка ми кажа дека размислува за Лара одма реков грдо ми е. Но, само мислење, понатаму не одам, не е мое да се мешам. И мене ме интересира. Зошто овие убавите не се спомнуваат, туку одма се исмеваат со Митра, Трајанка, Стојна итн.
И јас бев така цврто решена дека никој па ни јас нема да ми го крати името на детето е арно ама ај првиот син Матео се вика, можност за кратење слабо ама вториот син се вика Константин, Матео мал не можеше да го изговори името па го скрати на Конта и тој самиот така се вика, покрај нив и јас почесто така го викам, малата кога се роди Летка ја завикаа дечките, мене косата на глава ми се креваше кога ќе ги слушнев (има една баба кај дедо ми Летка вештерка ја викавме зошто ни ги земаше топките, не викаше дивјаци од џунгла, злобноќа од жена ) едвај ги убедив со друг надимак да и се обраќаат па од Летиција стана Лети. Јас сакав првиот син да се вика Матеј на мајка ми ама во англисково говорно подрачје ќе се изговараше Матеџ па го преименавме во Матео.
Стари традиционални имиња се убави исто и Ангелина , Александра , Марија , Кристина , Наташа , Фросина , Борјана , Бојана има доста убави , ама овие не сум ги сретнала до сега да се крстени некои дечиња , а под тоа традиционално не ми паѓа на памет т.е дека само спаѓаат Трајанка , Борика , Стојанка , Зорица , Менка , Пале , Дивна , Марица , Жаклина и слично Машки многу убави од времето исто користени имиња ми се : Ангел , Александар , Ѓорѓи , Константин , Никола , Марко , Милан , Горјан , Оливер , Дејан , Драган , Филип - издвоени од нај ретко користени во денешницата , поточно немам сретнато со вакви имиња мали машки дечиња , а секако има и други стари традиционални имиња од времето на Ное што во модерново време новата варијанта на името е Ноа и ми се допаѓаше едно време , а тие имиња и мислам дека скоро и никој не би ги ставил иако можеби постои исклучоци што би ставил име на бебе Темелко , Стојан , Љупчо , Петре , Павле , Владо , Лазо , Трајан и слично . Ипак и да бидам некогаш кума на некого никогаш не би им се мешала во одлуката за избор на име за нивно бебе кое они ќе си го чуваат и нарекуваат така цел живот
^^па работава искочи дека само старите традиционални како Марија, Елена, Стефан, Филип.. се убави и треба да се користат, ама многу битно и правилно да се напишани Сите останати се аут, мислам стварно, членката погоре ја карактеризиравте како неписмена бидејќи некоја наставничка по македонски рекла така морало Ј да стои И не знам зошто не го разбирате моментот дека е се ствар на вкус, често и желба, па макар и желба да се биде поинаков Мене многу имиња ми се допаѓаат и не ми се допаѓаат, ама што има јас да кажувам и да се дрзнувам да коментирам и упорно да тврдам дека некој ставил име на куче, маче, предмет или едноставно не било име не ми се допаѓа и толку, а вие одите во крајности и со навреди, еј за некој како си го вика сопственото дете, свашта Мене лично оние веќе што ги карактеризиравте како праисториски поголемиот дел не ми се допаѓаат и не ми личат, но има и многу интересни што имаат значење за некој поединец, па и за мене. Помодарските сите ми се интересни, но јас не знам дали би ставила такво име на моето дете, а пример Лили ми е многу слатко, Катја, Нина, Ника, Теа.. Можат да бидат Лилијана, Катерина, Станина, Николина, Теодора ама ете ионака се кратат па што ќе го крати некој друг во старт ќе стават пократко. Како што можеле и мене Ема да ме крстат
Извини ! На ниту еден пост немам плукано по ничие мислење или избор за име , си го препрочитав постот и се почудив каде виде плукање и ако мислиш така ете како модератор слободно избриши ми ги постовите тоа е само општо мое мислење како и на секоја од вас , имав наведено прости примери од тоа дека под традиционално име не спаѓаат оние баш старите имиња туку дека има и убави имиња од кои напишав некој пример , а не дека само тие се убави , исто не напишав дека и секое модерно име е грдо туку дека има многу и што ставаат ептен безвезални имиња како што ги имаат и споменато членки погоре , значи секој човек си е различен , мислењето е само мое и не го наметнувам на никој ни се мешам Исто напишав дека не се мешам и не сакам да се мешам во ничиј избор секој си има различен избор на име и различна причина за истото .
Сериозно немаш во денешно време сретнато мало дете Марко, па многу често го ставаат, секое петто дете е Марко. Всушност од дискусијава сфатив дека од град во град во земјава има разлика по однос на користење на имињата. Конкретно за Марко овде е веке пречесто. Мене многу ми се допага името, но во зграда имаме 5 Марковци, другарка ми го крсти Марко и вика одиме во парк и од сите страни слушам мајки Марко, Марко моево мало само се врти, мисли него го викаат.
Можеби има врска и градот или околината каде живееме , навистина не знам Марко само внук и чичко до сега познавам па затоа го наведов како убаво , а ретко сретнато име , исто и мое многу убаво име е , ама не би го крстиле детето така затоа што чичко ми е Марко и внук ми е Марко . Кај нас во околина секое дете скоро го носи името Андреј , Леон, Теодор , Алекс , Јаков ,Јован и Доријан , што секако се убави имиња само се премногу чести во моја околина .
Е како бе Бирмелек ова, се запознаваме и јас ти викам драго ми е јас сум Ирена и ти ке ми речеш ууууу ама грдо име имаш. Или во парк запознавате мало детенце колку керка ти и ја прашуваш мајката како се вика, она ти одговара Каја и ти, ауууу ама грдо име сте ставиле. Извини, се зезам малку, ама од пишаното така му доага.
Во нашиот јазик има правило кое погоре е споменато и кое е пожелно да се примени, ама и не мора, нели, бидејќи кај личните имиња (според мене) ниту едно правило не може (и не смее) да важи, бидјеќи на крајот на краиштата се работи за вкус (освен правилото за голема буква) Инаку, ги исмевам и дури и ги сожалувам оние родители кои од пуста желба за уникатност ги осакатуваат нашите (и други) убави имиња, непотребно. Не знам кој им е мотивот, можеби преку името на детето сакаат на светот да му испратат порака дека се нешто посебно Еве не знам... Не им се мешам, кој како сака, ама мое право е дали ќе ги исмевам или не, исто како што некој и мене ме исмева бидејќи моето дете има име кое секој втор го има Имаше скоро тука еден пример, ако не се лажам, мајката сакала ќерката да ја крсти Драган, бидејќи Драгана било секојдневно и не доволно уникатно
Има,има родители кои на секој начин сакаат да се потрудат името да го направат "уникатно". Другарка сакајќи да и удоволи на свекрвата и го поднови името ќерката си ја крсти Светланна. Со две н. Свекор ми е роден пред еден век скоро ( 90 има). Името му е Славен. Ваљда грешка го запишале во тоа време. Јас дека сум решена да ставам имиња по свекор и свекрва ( дај боже само да дојдеме до тоа де) ептен си го засакав името. Ете ми уникат. Инаку ако денес би бирала "слободно" име , керка ми дефинитивно би се викала Срна. Ама нема. Ќе си биде РистенаЕна. Само не знам како можете некој на форум да напишете - еј ама грдо име ми е тоа и тоа.поготово за имиња кои се чести некако. Не дека некој ќе ме повреди ако напише дека името ми е грдо, ама некако ич не ми е вкусно кога читам такви постови. Чудни,старовремси ај, ама грди
Кај ќерка ми во градинка има детенце со име Славен,баш убаво звучи,може по дедо му Славе го крстиле ,а од Ристена можеш Христена ,имам јас баба што се вика Ристена која многу си ја сакам
Општо, често си правиме муабет за имиња, оваа бремена, онаа се породила и неминовно се поставува прашање за име. И тогаш кажувам мислење. @emkaemka Не е една наставничка по македонски, тоа е правило во нашиот јазик. Што, се согласувам дека не мора да биде почитувано. Ама лутење дека е така и упорно напаѓање со аргумент " така си сакавме" е бесцелно. Така е, сакале или не. Јас сум доблесна да кажам, да името на моето дете е многу често. Но, не ми е гајле. Што сега, да се докажувам и наткажувам дека не е често кога е. А и не ме тангира какво е. Во таа насока е цело тупење. Се лутиме за факти. Како некој да дојде и да не прекрсти ( на личното име мислам, не на државава)
Сепак поубаво ми е Ристена од Христена. Ама искрено,најискрено, само да имам потомство , ќе ставам име и Параскева ако треба ,ич уво нема да ми чуе. Јас толку сум задоволна и благодарна на старите, подновување на името ми е најмал проблем и нешто кое навистина со задоволство би го направила
Epa realnosta e taa.Taka si sakavme e ako e toa napaganje tesko vas.Kaj mene nisto vo zivotov ne e po pravilo.A nepismenost,i te kako ima pogore vo pisanite postovi Nepismenost e promena na imeto so go spomna,so cel narod dreme dur vie ovde vodite bitka deka sum nepismena so preubavoto ime na kerka mi e bez J
Еј па ти, тоа држава ке прекстуваме, што да не и имиња.. Инаку во историјата се познати појави на менување на лични имиња под одредени влијанија. Пример Македонците во егејскиот дел насилно биле прекрстувани. И да, во граматика постои правилото Ј помегу И и А, но не мора да се почитува и често не се почитува. Познавам Мариа, познавам и Биљана и Љиљана.