Да се надоврзам за менувањето на имињата низ годините. Познавам многу стари луѓе на кои оригиналните имиња им се далеку поубави од сегашните, па така, познавам човек кој изворно е Василиј, ама низ годините станал Василе, или Димитар кој станал Митре, или Петра која станала Пера и... еден куп вакви примери.
Не рекла една професорка дека помеѓу и и а треба да има ј, туку таков е правописот ако не знаевте. Македонија, а не Македониа...традиција, а не традициа...комбинација, а не комбинациа. Така и со личните имиња во земјава, а по останатите земји си има други правила. Во земјава да се викаш Мариа или Диана, џабе ти е, зошто секако сите ќе те викаат МариЈа или ДиЈана. Природно е така во изговорот, и не е за џабе таа Ј додадена во правопис. Секако дека кој како сака ќе си ги вика децата, никој никого не фаќа во гуша туку коментираме, ама навистина не мора толку лупање во гради на кого му било подобро и помодерно името, а на кого старо па дури една членка имаше пишано за едно име дека било УСРАНО. Човекот го носи името, а не обратно.
Сите си коментираме во друштво, не знам што е некултурно. Или сите сме некултурни во околинава моја, вклучувајќи ме и мене. Кога се коментира си кажувам, кој се лути слободно.
Ова за име на куче се однесуваше на мене знам, слободно цитирај ме Да, мене Лина не ми се допаѓа како име на дете, и тоа го имам кажано на секој што ќе ме праша кои имиња не ми се допаѓаат. Инаку, братучед ми имаше кученце Лина и затоа реков повеќе на тоа ме асоцира. Некому му се допаѓа така да му се вика детето, некому не. А за ј, меѓу и и а се пишува секогаш, тоа е според Правописот на македонскиот јазик, а не ствар на вкус, желба и слично. Некој ако стави име како Мариа, Диана нека става, негов проблем, но ние самите треба да си го негуваме јазикот. Едит: и не знам што толку рипате ако на некој некое име не му се допаѓа. Тука во темава имам прочитано дека името како што е на ќерка ми му е одвратно, па јас не рипав одма. Ми е гајле ако не му е убаво.
На комшивката сијамската мачка се вика Парис Сара Џо. Веќе и луѓето претеруваат со имињата на милениците. Лина на куче. Во мојот клас у средно ( средно бев пред околу 25 г) имаше дури две девојки со правилно име Лина
Малку претерувате со тоа, грдо ми е тоа име. Многу бесчувствително кон оние што имаат дете со тоа име. Јас пак не би крстила дете со Марија, Билјана, Елена, Љубица, Магдалена и сите имиња што се пречести во мојата генерација. Не дека ми се грди, напротив. Ама ме асоцираат на едно друго време.
Ама на никој не му е гајле дали избраното име на некому му се допаѓа или не, ама сепак еве пишуваме на форумов, прашуваме за/ даваме идеи . Убаво би било да се избегнат коментари од типот еј тоа име ми е за куче/маче, ааа тоа ама е грдо, ова ми е одвратно. Бар мене не ми е убаво да читам вакви коментари, поготово па за имиња на бебенца. Инаку и мене не ми чуе дали некој ќе ми го бендиса или не избраното име
@JollyGirl и @Black girl Не рипам само сметам дека се претерува со искажување на грди емоции колку некое име не ви се допаѓа. За правописот точно МакедониЈа е нашава државичка не е Македониа, како што и јас сум ЕмилиЈа, ама така сакале моите, @stevemila едноставно сакала Дариа, во однос на имиња ова правило не важи и тоа е тоа.. Инаку името на моето синче никој не го спомна ни во убавите ни во грдите
Јас конкретно зборував за правопис, а никаде не спомнав дека некој рипа или кои имиња ми се грди или убави. Едноставно коментираме на темава, а во никој случај не би навредувала име. Секое име си е убаво и посебно на свој начин. Нормално секој човек си има помалку или повеќе омилено име, ама јавно да викаш дека е усрано- и тоа не го бива. Пример, јас имам другар Трајан. За некој е старо, глупо, старомодно име ама мене ми е убаво зошто човекот ми е мил. Навикната сум на тоа име и не ми е чудно. Така реагирам и општо за секое име... Ако човекот ми е мил, името не ми е битно. Стојан, Марија, Леа, Константин, Рафаел... Сите се убави, ако луѓето ми се внатрешно убави.
Името на ќерка ми не ми беше ни во убавите ни во грдите не го имав во предвид ни во негативен ни во позитивен контекст. Скратено од Параскева, ќерка ми се вика Ева (родена на 27.10) Но Бисера ми е во срцето, сепак.