Не се замарам дали некому му е убаво името на моето дете или не, мене ми е најубаво, а гледајќи како ми расте дечково мал, и секој ден уште поубаво ми звучи неговото име, почна и милион значења да ми има, живот, насмевка, љубов, среќа, радост, милина, топлина, бакнеж, светлина, се што е најмило и најубаво ми значи неговото име, иако нема никакво значење. Сакав да биде тоа, бидејќи е и словенско во македонска форма, јас имам и претходно пишувано дека ги сакам нашите имиња најмногу. Нормално е на некој да не му е убаво тоа име, па пред едно два месеци, во фаца ми плесна една типка ‘‘зашто бе така го крстивте еее‘‘ хахахах па јас не се навредив, и реков ‘‘затоа што тоа име ми е најубаво, затоа‘‘, и иако мене на син и нејзин името не ми е меѓу убавите, никогаш не сум и рекла, и нема да и речам, се сложувам дека е некултурно, не затоа што секој има свој вкус, туку затоа што имињата на нашите деца секому му значат повеќе од само обично име, кога тоа суштество ќе се насмее неговото име значи насмевка, кога ќе те гушне значи љубов, кога го галиш значи милост, кога гуга значи среќа итн, така е барем за мене . @emkaemka сега почна да ме копка како ти се вика синчето дај асоцијација ....се шалам секако. Јас би го кажала овде името на син ми, баш да видам што шлаканици ќе добијам хахахах ,ама стварно денес толку ретко на деца се става ова име што мислам дека ако некој ме познава овде, ќе ме познае по името одма.
Мене Талија на книжара ме потсеќа Не се замарај ако ти се свиѓа уникатно ќе е.Еве мојата ќерка има француско име и за мк стандари е тешко прифатливо и секогаш и додаваат -а. @emkaemka ајде кажи сега не не оставај да мислиме.Кажи какво потекло има?
Мислам дека да го свртам скопјево нема да најдам име на бебе како именцето на синчето на @emkaemka. Посебно и најубаво
И мене сега ме копка @emkaemka името...а и @kukla21 мудро молчи, да не го превземеме ние кандидатките за второ женско случајно
Име ко име, сите го знаат ретко го ставаат, е ај погоди кое е Друг ден ќе кажам, денес доста беше активна темава @kukla21 баш па твоето никој не го спомна, слични да, ама твоето како да не го прочитав
Ама им запнавте на сваќите за имињата @kukla21 и @emkaemka . Јас како кума треба да ги знам. Ќе ми дојдете и двете на врата