Прва асоцијација на Мери ми е вага @TutiFuti мене лично не, односно крајот на името ми тежок. Но ако мене не ми се допагаат овие имиња не значи дека имињата не се убави. Секој си има различен вкус. Јас кога бев трудна и мислев име гласно размислував само со мм. Со други во околината не, зошто почнав и ми даваа глупи коментари на што ги асоцира или на кого ги потсека ( како јас за мери погоре, само за да дадам пример ) и ми се одмилуваа имињата. А реално за секое име може да се каже некоја закачка.
Ме потсеќа на Манасие, звани Мане од филмот Зоне Замфирова Несвојствено ми е некако Последно име што го слушнав е Калија, и не ми се допаѓа А Мери ми е убаво
Преска го видов во некоја од фб групите и чудно ми падна името интересно мене пак текна и на Манасиј -Атанасиј-Манаско. Инаку @simonka93 Калија е мн убаво! За името Мери порано го ставале а сега не сум слушнала скоро некое дете со тоа име.
Кога би бирала за машко име би одбрала или Стефан или Максим... @TutiFuti Манасиј е убаво но лично за свое дете не би го одбрала... Незнам зошто може дека ќе можат да го кратат на пр. Мане...
Манасиј не ми звучи лошо. Ама прв пат го слушам. Знае ли некој со вакво име човек? Мене на измислено ми личи
Тоа ме интересираше, дека орв пат го слушам. А баш и си претпоставив дека е како за монах. Убаво е, далеку поубаво од други што ги слушам. И Атанасиј ми се допаѓа.
Има многу убави имиња во календарчето мало. Пример: Ефросинија, Јоаникиј, Михеј,Ефимија,Анастасиј, Леонид,Макрина,Васијан,Ксенија и Гордиј сега баш што ми текнуваатж
Јас на пракса во едно училиште кога одев, имаше дете со име Захариј, тогаш прв пат го слушнав тоа име... инаку и тоа го има во православен календар..
Дениција Инаку ќерка ми има име за кучиња Нас ни е најубаво Туку, второво ако е машко, тешко дека ќе се погодиме. Не е проблем, по презиме ќе го викаме
Последно име што го слушнав е Алтана, девојчето го крстиле по бабата.За некого убаво, за некого смешно, ама девојченцето беше прав алтан.
Сара најдавано име во 2017? Толку родени бебиња наоколу имам (женски), па и по пријатели на фб, Сара не сум слушнала некој да крсти скоро... Освен мојава Сара, друго бебе Сара незнам па и за Јана не би рекла дека најдавано име беше... Мене највеќе ми изгледаше дека многу чести се Ева, Лана и Лара.. а може и така се погодило..
Кај нас најчести се Луна,Ива,Ева и Софија овие две години значи скоро секое девојче е така крстено... А за машки мислам дека фаворит е Павел.Јас и затоа се откажав од него дека е многу често кај нас иамо 3 дена е разлика од роденденот на синко. И мислам дека и Михаил почесто го ставаат.
Мислам дека е многу неблагодарно да се коментира име поготово на родител.За тој родител тоа име е најубаво па макар било име за куче маче папагал.Сфаќам дека е форум каде се изнесува мислење ама сепак треба да се ублажи коментарот.И тоа е ствар на вкус нели?Еве јас знам едно детенце Јосиф.За родителите има длабоко значење било православно а и било име на некој јак голем воин.Ќе ја спомнам @stevemila за неа Дариа значи дар а ја знам дека Даријан означува богат.Секој си има свои желби толкувања на името итн.Ама ако знам дека некоја феминка ја крстила керката Леа би ми било непријатно да и речам дека ми асоцира на куче.