Девојки а што мислите за името Евдокија?Некако на мм тоа му е фаворит или пак евентуално Евгенија.Јас сум нит за едно нит за друго за машко смислено е одбрано ама ако е женско ќе има војна.Мене повеќе ме влечат Ника или Јана.
Мене ми се допаѓаат предлозите на мажот ти. Јана е веќе секое второ девојче. Евгенија е преубаво женско име.
Ќерка ми ја крстивме Евгенија од понудени Илина, Јана и Калина И пак би го одбрала Евгенија. Преубаво ми е. А за машко убаво ми е Јордан.
Еј ич не ги сакам тие скратеници.На пр на син му од Даријан му викаат Даки,Дарче.Ама ај постари луѓе се јас за тоа не замерувам.И ја си мислев за тоа Гена да не и викаат ама не се оптеретувам премногу. Тоа е на мм број еден фаворит.А мене па чудно ми звучи.
Ти пишав дека ќерка ми ја крстивме Евгенија. И на почеток бабиве, како што ги знаете, Генче или Гене... Мене нерви до плафон. И пресеков, или Евгенија или нема никако да и се обраќаат. И сега знае да им се испушти ама постојано ги поправам, а и она зашто е големка (3 год и 8 месеци) им вика Не Генче - Евгенија.
Јас освен од Евгенија што ја скратиле на Ева, не сум чула некој да крати со Генче, вистина грдо звучи и јас би се бунела
Две знам, едната е Гена или цитирам ,, ГенОООО што зборуваш ’’ , другата 20год има мислам и уште ГенЧЕ ја викаат. А убаво име е.