Јас имав колешка Евгенија ја викаа ЕФче На мене ми е преубаво име имав намера и ќерката така да си ја крстам ама испадно друго На мојата вечно и додаваат А на крајот .
Од Евгенија - Гени. Вака убаво имиња не се кратат. Личности кои имаат убаво име ги викам на цело име. Генче - ко од Македонски народни приказни да е излезена.
@minneymouse82 Ева Многу убаво име. Ова со кратениците, братучетка ми има девојче и се вика Киријана. Сите ја викаат Кике .
Златно дете, убаво име тие Генче... Ама јас сеуште повишувам тон ако слушнам некој така да и се обрати и ич не ме интересира дали се налутиле. Не и го ставив името за да ја прекрстуваат. Ама ќе речам, само кај нас е вака мислам. Никаде не кратат со мизерни кратенки. Здравје и за второво, сакаме Јордан да го крстиме и ќе им кажам или Јордан или не викајте никако.
Со мм сакавме Габриел и сите ни зборуваат како ќе го викале на нагалено Ние му нагласиме дека ќе си го викаат како што му е правилното име. Но на крај имавме понуда од 7-8 имиња плус ова нашето и се одлучивме за Матеј.
Јас во последно имам желба за Христијана ако е женско или Христијан за машко, имам и повод на Велики Четврток научив дека сум бремена и си мислам во глава дека Господ ни го даде на Велигден и се молам да истераме до крај овај пат и да носи име црковно. Мм не се сложува ама јас некако си го ставив во глава како некое правило. Секако има време до Декември па ќе видиме и што ќе биди рано е сега.
Ај кратенки, ами продолжување на името зошто прават не ми е јасно. Моиве се со кратки имиња и кога ке им додадат - че на крајот ми иде да ги убијам. И опоменувам, ама џабе ти е. И стари и млади и деца. На еден му викам зошто така го викаш друго му е името, ми вика па многу е сладок. Инаку сите Евгении што ги знам ги викаат Гена, а знам и Евдокија, Донка ја викаат . Јас не ни знаев дека не и е има Донка.
Ја знам за евдокија дочка што ја викаат. Иначе и јас не сакам кратеници, затоа и дадов кратко име. Или па кога ќе слушнам, Игорче, Тодорче...уште така ги крштеваат, замисли го Игорче на 80год. Него бабана шо барала В буква за внукот, арно ама немало В па јадна баба што да му купи на Вилипче.
Познавам Евгенија девојка Гени ја викаат. Јас мразам кога на син ми ќе му го кажат скратено името или па кога ќе му додадат тоа ЧЕ.