леле женски не се зафркавајте туку помагајте!!!! имам уште некоја недела ,ме фака паника не можам да се одлучам! живеам во у.с.а сакам интернационално... 1- Simona 2-Fiona 3-Teona 4-AnaBela 5-leyla 6-Melani свекрвата ми е Joann... ако знаете поубаво или ви се допадна некое од моите пишете ми!! п о з д р а в
Па крсти го Симона... и така ти е прво име на листата, а може да помине и кај нас и таму. Искрено, не знам како би ги крстила децата, здравје Боже, ама знам дека не би им дала од овие странски имиња, како прво не одговараат со нашите презимиња, а и да одговараат, сепак, не би им дала име што нема да личи за овие наши простори. Сигурно дека нема да ги крстам ниту со некои од Бога заборавени старински имиња, ама многу е веројатно дека ќе ја почитувам традицијата, особено за машко дете. И свекорот и свекрвата имаат убави имиња, како и мајка ми и татко ми, ама двете внуки од брат ми ги носат имињата на моите, па ми преостануваат свекорот и свекрвата. Како и да е, има уште време, најважно е да се родат здрави и живи деца, па за името лесно е Инаку, ми се допаѓаат Дамјан, Горјан, Горазд, Марко, Илија, Иван... или пак Анастасија, Катерина, Емилија, Елена, Ирена, Ивана, Марија...
Женски имиња имам избрано мислам уште од времето кога сум била девојче - здравје, би си го крстила детето или Нина или Тамара. А од машките ми се допаѓаат премногу Марко и Филип, меѓутоа гледам дека секое второ детенце се вика така. Сепак би избрала, доколку имам некогаш машко дете, да го носи името на татко ми.
Мене ме нервира таа традиција морало по свекрвата по свекорот по овој по оној е јака ствар, од мене нема да го има никој тоа „задоволство„ Ми се допаѓа Јаков!
Fала Vи многу на сите на помошта сега ми преостанува да си донесам самата оддлука!!!! Simona ili Melanie ке ви кажам за неколку дена
Јас и дечко ми уште сега имаме смислено имиња, сакаме близначиња Јован и Јована да се викаат , па сега здравје ако не биде така , какво ќе биде првото така ќе се вика
Андреј и Андреа Па уште и близначиња да се погодат Убави ми се и Дамјан,Лука,Матеј,Леона,Теа,Ива,Миа,Мина..