Искрено мене ме заболе од страна што мислат. Ако ми се свиѓа името баш ми е гајле што небитни луѓе мислат дека е чудно, смешно или не знам ти какво.
И мене баш ми е гајле , кој како сака така нека ги крстува децата. Особено рандом луѓе, баш ме занима дали крсиле Петко или Стојна или Ставре, можам за себе да кажам , како не сакам да ми се вика детето.
Поп кај нас Охрид си ги крсти децата Кипријан , Касијан, Константин, Серафим и Јустина. Има доста стари имиња наши кои се убави а не се " смешни" како Трпана и сл.
Наши се, од времето на војните и тешката живеачка, затоа се со поинакво значење од тие од поново време. Јас не би ставила толку старо, но да чујам дете да се вика така не би си помислила ништо зашто ќе знам дека е на некоја баба/прабаба. А давање странски без никаква основа (мешан брак и слично) во мене секогаш ќе предизвика колутање на очи, **бига Мене не ми менува ништо, но ете темава е за тоа, да тегнеме локуми @emkaemka процентуално многу помалце но сеуште има роми христијани, работам со нив. @fana има преубаво име според мене, старо но далеку од Стојнето
Моето мислење за имињата како Карло, или овие без „ј“ е дека повеќе наликуваат на католички. Јас имам братучеда Мариа и братучед Кристиан.Кристиан е пола православен пола католик. Но нема врска. Имам и внука која се вика без „ј“ во името. Нема многу врска, ама повеќе наликуваат на католички имиња, зборувам вака затоа што има повеќе православни во МК. Но, имињата се ваш избор, на родителите. Но и ние како македонци имаме прекрасни имиња кои треба да се видат.
Во право е Киттен ,се претерува со имињава странски ,измислени од пуста желба за различитост. Едно од тие имиња ми е Лиа , каков корен има?
Lia is also a Greek name meaning "bearer of good news," and a form of Leah in several Romance languages. It also means dependent in Hebrew, Italian and Dutch.
Не споредувам давам пример,нели муабетот беше за претерување на изборот на име, а зошто па да не дадам пример со познати личности и тие се само обични смртници ко нас
покрај вакви мајки полни со предрасуди,растат деца со предрасуди! Детето го носи името,а не обратно! Башка што ви е гајле кој како си го крстил детето?! Темава е да дадете предлог,а не да пљукате по све што ќе прочитате поразлично од вашиот став. И еве од мене предлог имиња што ми беа во комбинација:итан,игнат а за девојче софија
Мм отвори тема за имиња за второ денес. Мене ми е рано се уште, ама искрено да имам второ машко немам никаква идеја за име, а и женското што го сакав уште пред години, кога не беше толку популарно (Мила), е пречесто сега.
@danichap многу се убави имињата на сите три, долги и баш кралски, а ако не се лажам и нема да им ги кратат кај вас како овде?
Кометари за името секако ќе има, зошто модерно сте ставиле, зошто старо сте ставиле, зошто не на баба или дедо итн итн итн. Значи секогаш ќе има такви на кои им се допаѓа и такви на кои не им се допаѓа. Битно е на родителите да им се свиѓа. Кога кажавме на нашите како планираме да ја крстиме малата, тие никако не изреагираа, иако мислам дека сите очекуваа да ја крстиме по баба/дедо. Јас кога се породив, на сите кога и кажав како се вика, ми рекоа дека е многу убаво името, никој до сега нема кажано дека не му се допаѓа. А па и да ми каже баш ми е гајле, на мене ми е најубаво .