Леле мајки, мм е запнат за име Велјана, мене некако не ми се допаѓа. Што мислите како Ви звучи? Првото има име по мој избор, сега си викам да ми го направам ќефот, ама па ич не ми е звучно ова. Има време рано е , ама си дискутиравме за имиња и така го спомна дека му е желба. Мене ми се свиѓаат Ана, Бојана или Инес.
Мене не ми се допаѓа Преубави женски имиња ми се Анисија, Илијана, Касијана, Кирјана, Георгина, Константина, Изабел... Ако второто ми е девојче ќе носи некое од овие имиња
Валјда е женска форма од Велјан , дедо му се викал така. Го има во православни имиња го најдов, ама не ми прави ич ќеф, ќе се бара некое друго.
Освен врска со дедото значи нема друго. Чудно е. Не му го знам значењето. Да му го знам значење ваљда ќе стекнам мислење
Прв пат го слушам името , вака чудно е од прва ама дај му шанса може ќе се предомислиш ... На Мои блиски ќерките се Ефимија и Февронија. Прв пат кога ги слушнав имињата не ги ни запомнив ептен чудни ми беа , ама се навикнав па и ми се допаѓаат сега
Мене ми се допаѓа изборот на мт, од толку ,,модерни,, и чести, ова баш ми доаѓа интересно и несекојдневно, а и ретко, ама не ми се допаѓа моментот по дедо да се вика девојчето Од твојот избор Бојана
Не. Може да е на В ама да не е Велјана. Не ми се допаѓа ме асоцира на некоја стара мома што пере облека на река.
Мене името не ми звучи лошо, некако е необично АМА сите ќе ја викаат ВеЉана (или не дај боже Вељка). Бојана ми се допаѓа.
Ние го очекуваме Милош наскоро , големата дада се нагодуваа со тате , не сака ,ќе бил Мил и Лош. Подобро Миланче да бил( а она е Мила) итрица , не се кара туку убедува преговара , медијатор изиграва.
Одамна ги немам слушнато Валентино и Леонид ... Тие прво ми паднаа на памет , имав школски во одделение со мене . До душа други и не познавам лично со такви имиња .