Од дека го ископате името Андроник? Мене ме потсеќа на некоја машина или на дел од автомобил Не ми звучи убаво името. Андро ќе го викат. Или па Дрон Предлог машко име Дамјан, Филип, Методи, Константин, Петар.
Имав школски во средно така се викаше, мене ми е уникатно, сакав на син ми да му го дадам тоа име ама со мм војна се водеше, па бидна Андреј.
Доста застапено име кај католиците , кај нас го немам слушнато. Ми се допаѓа што не би можеле да го скратат
Уствари да кога од Александар можат Саше да го викаат и на ова ќе најдат кратенка . Ама вака лично мене не ми иде некоја кратка верзија од Доминик ... Ма тука на Балканот познаниците може и да те прекрстат и надимакот од дедо да ти го додадат , туку тоа е ... Ете , а Нико е сосема друго име . Дали јас дека немам навика да кратам имиња на никого па ваљда очекувам исто и од други ...
Па,има убаво значење-при Господ,припаѓа на Господ.Почесто се дава на деца родени во Недела.Најраспространето е кај католиците.Прекари : Дом,Доми,Домо и Ник.
Андроник е скратена верзија на Андроникус-од старо,Грчко потекло,па било „Латинизирано“. Има интересно значење: победа на човекот(мажот),победник. Уште една Грчка варијанта: Никандрос. Застапено е и кај православните и кај католиците,најмногу во Грција. Прекари: Андро и Нико. Инаку,Виктор е подобар избор од Андроник.Виктор значи освојувач,победник. Има голема светска распространетост. Прекар: Вик.
Кирил, одамна не сум го слушнала а убаво е. А Павел не ли може да биде Павле, по нашки? Не разбирам зошто во последно време го менуваат ова име.
Епа тоа е тоа за кое што зборам. Странското ни се свиѓа, нашето не ни се свиѓа. Мене искрено ми е нормално име, и не ми е смешно.
Epa ne mi se svigja, strasno mi e starovremsko. Vremeto ide napred, nema starinski iminja da stavame. Segde e taka