Павел е убаво име.Значи мало,скромно.Широко е распространето и кај Православните и кај Католиците. Варијанта: Павле. Прекари:Павле,Паво. Кирил значи господар.Позастапено е кај Православните. Варијанти и прекари: Киро,Кире. Павел ми звучи поубаво.
Не зезај Китен Павле ли и наше и традиција и све, ама Павле ми пие не го ставам на бебе па што сака нека биде.
Многу убави женски имиња ми се Анастасија, Киријана/Кирјана, Ева, Софија, а во последно некако и Тамара почнува да ми се допаѓа. Од машки Михаил, Кирил, Константин, Матеј ми е многу убаво име ама во последно е многу често, потоа Јаков, Јосиф .
И мене не ми се свига Павел искрено. Незнам како да објаснам, не ми остава впечаток. Сепак што викаш вкус е во прашање. А Кирил ми се свига.
Секој родител треба да си го крсти детето како сака. Нивно право е. Единствено не ми се допаѓа кога ќе стават ептен некое странско име, обично Македонциве што живеат во странство прават така со наше презиме. Многу безвезе ми звучи има интернационални имиња каде што секаде исто се изговараат. Пример. Ана, Софија, Ема, Марија, Александар, Марко... А, не ќе ми лупнат некое пример онаа пејачката ( нз што ми текна на неа ) Џесика Палашкова... или пак имам братучед Џими Василевски . Мене ми е безвезе. Ама на друг пример не му е и не треба да го интересира што другите мислат секој има свое мислење.
Феминкии јас сум 35 недела уште незнам име .. Воопшто не сме одлучни со сопругот. Помагајте кажувајте машки имиња
Ехеееее милион ги има, кажи нешто буква, кратко, долго, постаро, поново, специфично, како сакате?... имаш и цели листи и на нет со куп имиња
Мене засега фаворити за женски имиња ми се Јана и Калина (кратки и стари а сепак не старовремски). Ама имам уште многу време здравје Боже, па сеуште не сме разговарале посериозно на таа тема. Термин ми е 20 ноември, па можеби и со име ќе се роди Ангела или Михаела. Инаку овој празник ми е куќна слава во татковата ми куќа. Роденденот на мајка м беше на 19 Ноември, па некогаш се размислувам за име во нејзина чест, ама премногу ми е болна таа тема, па веројатно нема ни да ја спомнам. Предлог од тато Алексија, демек на него . Ама уште ни е многу рано. Ете во последно и Софија ми е убаво. Нека е се во ред само, па за име најлесно правиме. Веројатно до 35 недела нема ни да ни е на дневен ред ова прашање дома. Макар на крај тато ќе се сложи со мојот предлог.