Најубави имиња за машко ми се Лео , Матеј и Лука а за женско Леа , Мила и Ања и кога ќе имам деца некое од овие имиња ќе имаат јас ќе си ги родам јас ќе им дадам име
Кога бев помала си замислував дека ако имам близнаци ќе се викаат Филип и Марко А за женско штознам , стално ми се менува мислењето
Уште немам деца ,ама сигурно би им дала некое модернистичко и специфично име , онојпат слушнав едно ептен специфично , ЗОЈА и ми се засвиѓа, но незначи дека така ке го крстам детето ,се зависи во моментот како ке ни дојде и како ке се договориме,но секако дека сакам име кое што нема да се повторува многу и ке биде препознатливо . МИА ,ИВА ,АЊА , МИЛА, АНГЕЛА, АНА и др, Сакам кратки имиња но и имиња со ке се слагаат со презимето. Од машки имиња ми се свигаат многу , но сите тие се повторуваат и нез стварно ,мн се мислам кога ке дојде време за ставање на име на мое дете како ке го крстам . ЛУКА ,ПЕТАР , АНДРЕЈ, ДАВИД, СИМОН, АНГЕЛО, САМУЕЛ , ДАВОР, ДАМЈАН И многу други
Ива, Ивона, Андреа, Ангела, Марта... и ми се допаѓа името Магдалена (магда_ лена, имињата на мојата и мајката на дечко ми) Андреј... И не ми текнува други
Имам доста идеи, а пак ниту едно име не ми се допаѓа толку многу. Знам дека би им ставила на децата (здравје боже) интернационални имиња, а сепак македонски. Би проверила какво е нивното значење во повеќе култури. И дали може лесно да се изговорат. Пример ми се допаѓаат имиња како Јаков, Арета, Алина, Михаела... Тоа се имиња што сега ми паѓаат на памет, а ми се допаѓаат.
многу ми се свиѓа името Борјан за машко (има и некои други) а за женски некако ми се свиѓаат фиона или диона(кое ви се свиѓа повеќе?)
За женско ми се допаѓаат Доротеа,Теона...и сега не ми текнува ама сигурно има уште некое,а за машки Давид,Дамјан....и другиии