Бисера Надја ^^познавам две, ниту една не ја викаат Нада, Неда или било како, двете се Надја. Ваљда како и ти ќе дозволиш и викаш, сум кажала мислам, у комшии имаме Борјан, мајката си го вика Боце
Мене Евгениј и Евгенија ми се свиѓаат, еднаш низ муабет го спомнав, дечко ми се изнасмеа дека многу мутави имиња сум сакала. До човекот е, мене ми се супер, нему не..
Мене девојки проблемот ми е (без да ме осудувате ) е тоа што сме ние Германија и јас сакам некое име што ќе се вклопи тука... Пошто со ова име Евгениј нз дали ќе можат да го изговорат овие Швабиве хахах
Па добро ,сосема во ред си мислиш, подобро некое поинтернационално име на пр.Михаил и швабите го имаат ,а и ние.
Евгениј ти е руско име. Мене ми се свиѓа, а верувај ќе го изговараат правилно. Тоа само американоси кршат јазик Тука кај нас гледам во тренд се руски имиња. А не е дека и во Германија нема руси. Ти сакаш типично германско име? Како Јонас, Ноа? Имиња од балканов што ги има и таму се Петар, Стефан (ама ќе биде Штефан), Лука, Борис, Филип, Никола...
Ќерками се вика Надја. Верувај досега никој ја нема наречено поинаку од Надја. Како што кажа @emkaemka се е како ќе се постават родителите. Еднаш уште пред да се породам мајками и свекрвами ме прашаја како да ја викале нагалено, од милост. Надја им било многу строго. Им реков како што седи во извотот на родени така ќе ја викаат. Ако требало да ја викаат по "нагалено" име тоа ќе седело во изводот. Изгледа си ја научија лекцијата тогаш пошто еве година и пол и цело време Надја ја викаат Инаку и јас знам родители чие девојче се вика Ивана, а мајката си го вика Ивче.
Ќе ги научиш како да го изговараат. Еднаш, Два пати и веќе треба да знаат. И јас така ги корегирам со името на ќерка ми.
@Novella Калина @AnaDelRey Убаво е Евгениј Не е старомодно, напротив,мене ми е моќно име Надја или Надежда беше во игра кога рекоа прво мома е @Lolipop23 Антонија лично не го сакам, а Дамјана ми беше чудно за девојче, се дур една членка не ми пиша дека така го крстила и некако убаво ми е Нема нагалено да ти го викаат претпоставувам со овие две.
Ние се мислиме помеѓу Антонија и Теона. Јас веќе си ја викам Антонија во себе, ама по сопругот уште сме отворени за предлози