Инес,,преубаво. Доротеа ке биде Дори или Теа. Родителите ке внимаваат како ке ги викаат дур се мали,во школо е друга приказна.
Женчиња што мислите за Даријан или Дамјан,ние сме во Англија и тука тоа ј-то му е џеј нели и глупо звучи,а кога би го крстила Дариан без ј некако ми е бугарско па не ми личи
Еве еден предлог од мене: Демиан. Имево ми е убаво и за тука и за таму. Исто и Дарин. Ако сте одлучени за Даријан не гледам зошто не би го ставиле името без Ј. Овде има и: Дариан (без Ј), Дарјан (без И)...На вас да ви е убаво, тоа е важно.
Ако живеете во Англија нај добро ти е да ја изоставиш Ј од името или да ја замениш со Y за да го изговараат точно името,оти вака со ј ќе ти го викаат дариЏан или дамЏан. Јас сум во Америка и знам како ги изговараат нашиве имиња, дури и Марија што е логично да се изговори Марија го велат МариЏа , една колешка од убаво Јулијана име ја прекрстија во ЏулуЏана .
Ако беше машко кај мене ќе се викаше Maximillian доста користено име за новороденчиња во Германија. Исто одговара и со нашите презимиња. Ако сакаш помакедонско ги користат Стефан, Мартин, Јохан. Мене Евгениј ми е убаво, руските ми се доста убави имиња. Кај мене ќе се вика Emily на македонскиот пасош ќе биде Емилу