Што ви е штосот со тие "несекојдневни" имиња? Демек, ако е Стефан, Ана, Дамјан, Марија нема да го биде детето? Уникатно е секое дете само по себе, стварно не знам што ќе беше ова чудо. Уште и како еден вид осуда за "обичните" имиња...
Нема штос,едноставно не сакам пречесто име.И не е тоа дека нема да го биде детето.Јасно е дека името не го прави детето,туку детето го прави името.Во секој случај не би ставила некој од постаринските имиња,прво не ми се свиѓаат второ не ми се "милозвучни".Кога веќе имам можност да бирам зошто да не?
Алексеј. Мартинијан. Матео. Како што постојат луѓе што сакаат да се облекуваат несекојдневно така и некои сакаат да даваат несекојдневни имиња на своите деца. Секој со својот вкус. Убаво е. Мислам дека го има во македонските православни имиња, така? Името на нашето девојче е едно и единствено во светот (или само се филмам), а воедно и многу убаво. Не го кажувам за да бидат помали шансите да ме препознае некој. Мене сите имиња ми се убави освен Форе, Љуба, Кадифка, Сирма... (тие ептен старите).