Сакам да имам две ќерки близначки или по 1 год. разлика. Би ги крстила Теодора и Исидора. Сакам да имам уште две машки и би ги крстила Давид и Лука. Не сакам секојдневни типични имиња што ги има секое второ дете. Други имиња кои ми се допаѓаат се: Женски: Бјанка Изабела Екатерина Евгенија Јоана Емилија Валерија Ирена Вероника Антонија Уна Леона Илина Меланија Афродита Атина Наталија Клаудија Антонела Софија Срна Орхидеја Синоличка Дениција Настасија Машки: Марко Дамјан Марио Антонио Николас Алекс Андријано Леон или Леонид Андреј Гордон Валентин(о) Сите овие имиња ми се мноогу убави.
јас си размислував на оваа тема пред неколку години па вака одлучив: ако е девојченце ке се вика Елена ако е момченце Јован
А па овие две ич не се секојдневни.Секое второ дете се вика Лука,Матеј,Давид или Марко....аха и Дамјан такоџе.А шо е ,шо е покажуваме индивидуалност на децата,јас не викам дека не се убави имињата ама стварно претераа.
Најновите договори со мажулето мое - ако бебето е машко ќе се вика Јован (модификација на името на свекорот), а ако е женско Паола (модификација на името на свекрвата). Јован е многу често име и не го сакам само поради тоа, инаку ми се допаѓа ептен името.
Леле и ако е точно до сега што ни кажаа гинеколозите-веќе сме сваќи хахахахаххаа. Па и исти имиња... Пу пу пу пу
Убаво ги разгледав сите овие 32 страни и мислам дека никаде не го сретнав името кое јас би му го дала на моето дете. Илија. Го обожавам ова име. Друго име што би го дала на мое дете е Александар, а за женски не сум размислувала.
мојата ќерка се вика Симона има 4 год. и името мислам дека и одговара, нагалено ја викаме Мона.Доколку имам син би сакала да се вика Теодор или Борјан,за друго зенско име Софија или Валерија.
И покрај тоа што е сеуште рано сепак сме дискутирале на темава. Со заеднички компромис еве ги нашите размислувања: Машки имиња: Лео и Дино Женски: Дина и Леа За во случај ако имаме машко и женско да бидат Дина и Дино или Леа и Лео
Доста размислував дали и јас да пишам на темава , ама еве ќе дадам и јас мои омилени имиња кои се разбира ми се допаѓаат а не значи дека ќе бидат конечни , ако моето дете е девојче би сакала да се вика по баба ми Елена , а и бидејќи сите Елени што ги познавам се убави , а ако е момче тогаш ми се допаѓа Илија по дедото на сопругот , но така сега си правевме муабет , па ќе видиме , здравје
За сега во игра се.. ако е девојче..Софија, Кристина и Викторија ако е машко..Дејан, Петар,Давид или Стефан