Искрено овие Кирјана, Трајанка и Тодорка ми се на листа: можеш дефинитивно и подобро. А ова ако е Катрин или Карина би било екстра симпатично.
@kavadar4anka Кирјана, сакам традиционални имиња Сега не баш тие традиционални кои се ставани порано со намера да трае пошто им умирале деца па Трајан и Трајанка, или родила 10 па 11тото го крстиле Доста и слични , но сакам наши традиционални имиња исклучиво!
и мајка ми доби име стојанка бидејќи е 9то дете првите 6 починале од не знам какви епидемии па демек да стои да живее. Или па да го крстиш мире зашто е детето многу мирно
Женски имиња, две ми требаат... хелп! тенкс! знам дека сте давале предлози уназад ама нешо ѕирнав и не ми фати око, мислев да не имате новитети
Леле @Emma2 пред да бомардираме дај малце насоки кажи Кратки,долги,традиционални,буква нешто Иначе ке те збудалиме
Модерни маче, не сум по традицијата Нешо ала Сара, Мила, Дарија, Андреја, итн. Имам време још мало, ама време лети знаеш
Едната малечка мислев да е со кратко, другата со долго...да се разликуваат, ионака се двојајчени Насоки, нешто така универзално ама да не е секојдневно ко Марија, Ана, тие таквите... убави се ама ... Тенк јууу
Окце, фала ти ама баш тие ги пишав во комент дека не би, ем традиционално е ем секојдневно ..ама фала за обид, ценам!
Јас сум љубител на долги женски имиња па ќе ти дадам како предлог 2 по долги имиња, имињата од моите две лепотици Изабела (Isabella) и Габриела (Gabriella)
Абе убаво ти е именцето, види ја сеааа ...ама чоек, познавам мал милион Марии во животов, неможам и дома една Ама предлозиве ти се Бигггг Лајккк... одат во тефтерот!