Хахахаха да ти го дадам мојов маж, он го сака имево, а мене па дека ме потсеќа на еден комшија од порано ко помлада, женаму му цркаше цело време и му викам на мм абе на машко име ме потсеќа леле неможам А убаво си е името нема збор тука!
Не знаев и јас, фаворит ми беше, мислев руско е, ама на нет најдов повеќе податоци дека е арапско. https://znacenjeimena.net/poreklo-i-znacenje-imena-nadja/
Незнам дали се модерни ама едни од поубавите имиња Горјан Горазд Огнен Виктор Војдан Јане Илин Тадеј Овие ни беа во потесен избор кога се одлучувавме за синко. А и Дамјан беше во игра, дури долго бевме решени за ова име, ама од наши причини излезе од игра во последен момент.
Хахахаха епа зборам за поширока, не мислев ептен потесно...ама како и да е, нејќам да се дуплираат имињава...
Што има врска ако се дуплира името. Ако ти се допаѓа името ќе си го ставиш и готово. Јас со прва братучетка што ептен си живееме имаме исто име. Две сестри на првите деца си го ставиле истото име, разлика сме 2 години. Ништо страшно.
Исто и јас како тебе не сакам да ставам име што веќе е во фамилија. Познавам брат и сестра и нивни две први братучеди,значи сите 4ца им дадоа на децата име Марија, не дека е лошо името ама пак ко единствено да беше