За машко најубави имиња ми се на буквата Д, сосема случајно. Давид, Дамјан, Димитар. А за женско немам некое омилено...најмногу ми се свиѓаат Катерина (можеби затоа што јас така се викам) и Јана.
Второто дете ако ни биде машко ќе се вика Леон, а ако биде женско Леона или Елена. Само дека ќе се решам за второ, тешко тешко
значи ако некогаш имам деца...би им ставила исклучиво македонски православни имиња...јас немам баш мак.православно име...но ми се допаѓа...а никогаш не им би ставила странски имиња,кои неможам ни да ги изговорам...иако живеам во странство,мак.православно име...сепак нели јас сум македонка.
За второво бебувче веќе си мислам . Пак сакам да биде принцеза и би скала да се вика Наталија или Натали, а ако е машко Демјан
Женски: Леона, Клара, Елена Машки: Лука, Давид, Константин, Матеј, Тео Кога ќе дојде време за бебенце ќе биде некое од овие
Лејла...мислам се зафркаваш?Од толку иминја баш тоа го избра...Лејла мислам баш турско....ба од филм....ц.ц.ц.ц.ц.А Ангелина ми се допаѓа не е лошо
Навистина Лејла и мене не ми се допаѓа јас сепак гласам а Фиона несекојденво име и убаво, па и убаво звучи Васил, Филип и ФИона
Леле леле леле се изначитав имиња ама пак не ми текнува за моите...кои во иднина ќе ги имам.Јас и дечко ми кој се надевам во иднина ќе ми биде маж (99% така и ќе биде ) по некое си правило треба да имаме близначиња е сега моја најголема желба е да имаат слични имиња бидејќи тоа ми е многу слатко а сега за сега немам некој посебна идеја бидејќи сакам да бидат наши македонски и православни имиња ама помодерни... complicated right? Па ако има некој идеја слободно нека ми излезе во пресрет
Ако имам син би сакала да се вика како татко ми,меѓутоа ако ми биде сегашниот дечко,маж нема шанси...така да немам некој посебен избор за машки иминја,а ми се допаѓаат Давид и Дамјан.А женско омилено име исто така не е македонско тоа што го сакам па знам дека нема шанси,ама еве ми се допаѓаат Доротеа,Теона,Натали...и така сега за сега
Пред некој ден разговаравме со дечко ми на оваа тема. Уште од мала сакам првото дете да ми се вика на буквата С по татко ми, но на него не му се допаѓало. Па сака децата да ни се викаат како брат му , како сестра му и ако евентуално иамме 3то е тоа може на С. Како и да е ова е за нероден Петко Знам дека нема да биде долго името и некое кое често се користи.
Хмм.. Ако имам машко би го крстила: Лука,Андрија,Ален,Алекс,Вилијам.. ии незнам некое друго у моментов не ми текнува. Ако имам женско: Леонор,Кјара,Маргарет,Миа,Елизабет,Лиса,Сани итн.