А Василија? Или некое друго слично. Мене ми се допаѓа да се испочитува името од родител кој не е жив. Мила е пречесто.
Претпоставив, иначе не би му било фаворит. Јас сум против ствање име по мајка и татко, впрочем моите биле против во 1978 и така останало. Јас сум само подобрена верзија од нив )
Пишав и погоре, дедо ми се викаше Васил, да не грешам душа многу ме сакаше, ама беше многу груб човек, терсене карактер и синот и внуците, пошто машки деца, му беа пред се. Секоја варијанта на името ме потсеќа на тоа и ми ствара одбивност. Да не ме сфати некоја членка погрешно, убаво си е името, само јас ете не го сакам. А Мила ми легна некако, иако јас сакав Изабела, кога дознав дека е женско си го погалив мешето и и се обратив со Мила, така само по себе ми дојде и така остана.
јас сум за максим или лука види таму во тефтерот со рецепти и белешки сигурно има запишано васка па некако се јаде ете да не е ептен. Пак асоцира на василка ама па Василка во 21ви век...
Повеќе сте за Максим,и мене ми е фаворит. Изгледа тоа ќе биде Фала ви. Освен ако не се роди баш на 2 Август,свеки вика тогаш мора Илија да биде Ќе си пукнам
може иле да е подобро од илија. викаат (а и често во пракса е применувано ) дека ако детето се роди на ден кога е празник треба да го носи името според денот. Мислам дека ме разбираш што сакам да кажам. И јас сум за тоа. Сакав првиот син да ми се вика мартин бидејќи се роди во март. Ама потоа ајде реков некое друго (по)убаво име нека има
Абе никој не даде предлог Стојко/Стојан или Стојанка/Стојка да сака да си го крсти детето А колку само млади луѓе знам со ова име, гревчиња бе
@marchi-cool предлог за имиња машки од мене: Борјан, Антонио, Кристијан, Дарко, Атанасиј, Марио, Симеон, Даниел, Емил, Давор, Стефан... @Мариаа. Матео ми е преубаво, а и Максим после него. Лука не ми се допаѓа.
Абе каков Илија какви празници какви Илиндени. Иако девојкиве овде оставија преубави имиња. Иан едно преубаво име, светско.