Името си нема врска со векот и така не го поврзувам, туку дали ми се свиѓа или не. Мене Василка ми е многу убаво, а и кажав дека знам преслатко девојче со тоа име, значи во овој век е. Да не бев во мешан брак, моето девојче ќе си имаше баш некое такво име што е милион пати по милозвучно, наместо некоја западна кованица.
И да не се роди на Илинден, Илија е многу убаво име. Е старомодно, но воопшто не звучи така и денес го ставаат доста често. На пример Максим мене ми е старомодно исто како и Стојче.
Јас крстив детенце Илија ( избор на родителите не мој) и името е многу убаво. Секој со својот вкус, ама кога веќе коментирате јас пре би крстила Илија/Илијан/Илин отколку Иан, или Василка/Василија отколку Изабела.
Јас сум бремена со машко и не можам име да си одберам. Ниту едно не ми е на мерак, не знам што ми е. Сега од последниве мислења, единствено што ми привлече внимание е Иан. Ќе одговара многу и со презимето, оти специфично е и тоа. Ама, не знам. За девојчињата одма одбрав, ова безименко ќе ми остане.
Многу лош коментар. Осакатено од своите родители? Стварно? Не дај Боже. И мене не ми се свиѓа името. Ама знам луѓе со имиња Цветан/ка, Стојан/ка, немаат никакви 'осакатувања'.
Де бе де ептен осечајни за еден коментар. Не познавам некој со тоа име и што си го сака и не го изјавил истото за себе. А три/четворица ги знам кои помлади кои постари. Па и на крај краева мое мислење е, глупо ми е да бирам зборови да се изразувам ете така ми дојде и така искоментирав не гледам потреба од паѓање во несвест со ублажени коментари за името.
За Илија не ми беше поента дека е старомодно,него онака ич не ми се свиѓа. Башка дедо ми се викаше Илија,многу лош човек и така ми е останато. Иако,Иан,Илијан и Илин се многу убави имиња.
Па не си го сакаат ни овие ја што ги знам. Ама не кажуваат дека се осакатени. Шо знам... Не дека паднав во несвест од твојот коментар, ама тука се криеме под никови и не знаеш кој кое име го носи. Зашто да навредам некого? И ја Цветанка што ја знам, никад не би и рекла дека ја осакатиле со името. Најпрво, зашто не ја осакатиле. Утреден, можда за името Мила ќе викаат така. И да, може треба да се бираат зборови некогаш.
Е сега ми ставате зборови во уста. Ни Цветанка спомнав, ни Мила. Вреѓање е и не ми се свиѓа, нафрлани букви, се надевам ќе се роди на 2ри за да не се вика Максим па никому ништо. Ова се само од тековнава страна коментари упатени. И да сметам дека ако си го крстам детето Стојко ќе си го осакатам за цел живот. Ако не мислите вие така слободно крстете си го така, ваш живот ваши мислења и правила
Не да го осакатиш има цел живот да го подјебаваат. Стојко е најчесто име за полов орган кај мажите. У секоја не/прилика ќе слушнеш: Да ми се фатиш за Стојко! Али у реду е да бидеш дипломат и на некој кој се вика Стојко да му речеш: доста интересно име имате, невообичаено Најфејворит име е секако Трајанка. Ако биде нека биде, до срж. Дипломатски: имате доста интересно име госпоѓо, невообичаено.
Може треба да се бираат зборови, ама дефинитивно треба да се избере и име во склоп со времињата во кои живееме. Порано имиња од типот на Василка, Цветанка и Стојан биле вообичаени, денес дефинитивно не се и стварно не знам зошто некој би сакал да си го казни детето на таков начин само затоа што сака да глуми special snowflake. И јас познавам Цветанка, и секако дека не би и рекла дека ја осакатиле, ама таа самата го вика тоа и секогаш се претставива како Цеце и сите така ја викаат, правото име не може да го смисли. Името и тоа како може да направи комплекс, особено ако се работи за срамежливо и повлечено дете. Подобро тука со време да им се укаже на родителите, отколку тоа дете да црвенее секогаш кога ќе го прозиваат во школо. Ако толку ви се допаѓаат такви имиња можете во секое време да си се прекрстите.
Пред 20 год ќерка на наши познаници ја крстиа Касандра .Сериозна сум.Со кој памет девојче се крсти со тоа име??Го гледам девојчето на фб и инста ,си направила сама кратенка од името и како таква со години секаде се претставува.Па речите после дека име си е име.Да било ок ке си го носила името нема да се прекрсти во сосем трето
Леле, Касандра Автоматски се представувам Сандра И ќе спремам документи за промена на име, секако од тоа нема бегање.